15.07.2021

На Пелистер сум како дома, а тоа ме исполнува со позитивна енергија

На Пелистер сум како дома, а тоа ме исполнува со позитивна енергија

Жените хероини, кои прават мали нешта од огромно значење за развојот и промоцијата на туризмот во Македонија, за тимот на Кајак.мк имаат посебно значење. Уште една личност која ја додаваме на нашата листа на локални херои е Ана Прекурака Котевска, која ни раскажува дека честопати знае и сама да се искачи на околните ниски планини во Македонија, а кое чувство на додека движи сама ја полни со енергија.


Приказната на Ана ја раскажуваме во еден залак. Намерата ни е да поттикнеме што е можно повеќе млади девојки да се одлучат за активен туризам, а своите мобилни телефони да ги користат исклучиво за потребата за кои се наменети.


Ана вели дека голем број на битолчани започнуваат со планинарење уште од седум годишна возраст. Местоположбата на која се наоѓа Битола им овозможува жителите да ја посетат баба Планина, Копанки и Пелистерските езера кои се одлична викенд дестинација.


Но кога станува збор за професионално планинарење, таа вели дека започнала во 2017-та година, кога е воедно и нејзиното прво искачување на врвот Пелистер. Енергијата што ја шири планината, природата и целиот еко систем се главните причини поради кои таа се одлучила на ваква животна промена.


Најчесто планинари во помала група, а понекогаш учествува и на планинаски машрови, но како што вели, честопати знае да прошета и сама до блиските локации на Баба планина.

За неа Пелистер е уникатен по самата конфигурација на теренот. Борова, моликова шума, глацијални езера, камени реки, ендемски видови на пеперутки, достапни патеки за планинари, велосипедисти, совршени терени за зимски спортови…


Преку лето за Баба планина се карактеристични двете езера, Големо и Мало езеро, уште познати како Пелистерски очи, вели Ана. Тие се најпосетувани заедно со самиот врв Пелистер, но ги препорачува и Големо Врвче, особено со кампинг на зајдисонце и Искачување на Бојаџиев врв од село Брајчино покрај брајчинска река.


Ама додава дека не само Баба планина и Пелистер, туку треба да ги сакаме, одржуваме, да не ги загадуваме, да ги развиваме и промовираме сите планини и врвови во Македонија. Планините и врвовите посетувајте ги за да се запознаете со нивната мистичност и уникатност, а истовремено и да го откриете и дознаете вашиот карактер и сила.


За неа Баба планина и Пелистер се како дома“. Но ги препорачува за посета и Јабланица со врвовите Црн Камен и Стрижак, со стартна точка од Лабунишки бачила. Овде е и планината Крчин со Брвот Голем Крчин и стартна точка од село Битуше, а за поискусните планинари ја препорачува Рибничката скала со кампинг на самиот врв. 

Остави Коментар

Коментари

  • Ruža Nikolova

    16.07.2021 09:32

    Koj ne bil na planina ne znae shto e ubavina.

Прочитајте повеќе

Предлог дестинација за овој викенд: Преспа – езерската убавина која повторно го привлекува вниманието на патниците

Откријте ја убавината на Преспа овој викенд. Посетете ги Претор, Отешево и Крани, истражете ги локалните атракции и пронајдете идеално сместување покрај Преспанското Езеро.

Неделно откритие од Македонија: Изворите на Бабуна

Високо во Јакупица, над Нежилово, се наоѓаат изворите на Бабуна – недопрено планинско подрачје каде реката започнува како мрежа од мали студени извори меѓу шума, камен и тишина.

Една година подоцна: Како директната линија Истанбул – Охрид го отвори Охрид кон светот

Една година подоцна: Што донесе линијата Истанбул – Охрид за туризмот во Македонија?

Лето 2026: новата слика на туризмот – од класичен одмор кон искуства, планини и микро-дестинации

Лето 2026 ја носи новата насока на туризмот – од класични одмори кон автентични искуства, планински авантури и откривање на микро-дестинации што нудат вистинска поврзаност со природата и локалната култура.

Неделно откритие од Македонија: Смрдлива Вода – Кожуф

Смрдлива Вода на планината Кожуф е планинска дестинација позната по минералниот сулфурен извор, чистиот воздух и пристапот до планинарски патеки, идеална за одмор и рекреација во природа.

Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто!

Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто! Организирање тим билдинг во Грција кога сонцето има магија да ни создаде тен за старт на летната сезона.