04.05.2020
Зошто треба да ги користите вашите денови за одмор дури и ако не можете да патувате
Зошто треба да ги користите вашите денови за одмор дури и ако не можете да патувате
Во 04:00 часот во петокот попладне, беше почеток на месец април. Социјалната работничка Тања Хернандез која работи во Бруклин затропа на врата на својот шеф за да побара слободен понеделник. „Првите неколку недели работење од дома за мене беа навистина голем шок- вели таа.
„Ми требаше слободен ден за да дишам домашна атмосфера. Не е исто да работам од дома и да одмарам дома“, додава. „Ми фали одмор, ми фали да поработам на моето ментално здравје“.
Наместо да се најави на работа во понеделникот, таа го доби слободниот ден. Го исклучи својот мобилен телефон и започна да готви француска супа од тестенини и кромиц, како што таа знае да си ја нарече „Бон апетит супа“. За ова јадење нејзе и беа потреби околу три часа и многу внимание. Потоа слободното време го искористи за играње карти со својот партнер.
ЧИТАЈ ПОДОЦНА: Италијанските улици преполни по завршување на строгиот карантин |
„Ова мене ми дојде многу добро“, додава Хернандез, „Сега ми преостануваат уште два слободни денови за да ги прочитам сите книги кои ми се за месец мај“.
Можеби ви звучи како лоша идеја, но сепак експертите велат дека ни треба слободно време од работа- сега за разлика од кога и да било. „Дури и оние коишто си ја сакаат работата треба да одвојат се за да ги наполнат своите батерии“, вели Тами Ален професор по психологија. Факт е дека слободното време има влијание врз вашата среќа и целокупната продуктивост, тој исто така има влијание врз менталната и физичка благосостојба.
ЧИТАЈТЕ ПОДОЦНА: 1.5м дистанца: Ресторан во Амстердам ќе нуди оброци во стакларници |
Статистиката на студијата за „Проект за време на работа“ за 2018-та година вели дека повеќе од 50 отсто од работниците имаат неискористени денови за одмор. Многумина се изјасниле дек имаат страв да побарат слободен ден од работодавецот и дека поради тоа се чуствуваат непријатно, вели Ален. Но треба да знаете дека да одвоите време за себеси е од ваша корист. Свесни сме дека многу луѓе се загрижени за економијата и сакаат да покажат дека се тимски играчи, но да се направи исклучок сега, ќе ви се овозможи да бидете поефикасни на подог рок.
Користете ја вашата имагинација
Направете се што можете за да го направите слободниот ден да ви биде посебен. Немојте да останете пред Netflix цел ден. Излезете надовр, спортувајте и истражувајте ја областа. Слушајте музика и шетајте. Ако пак имате куче, понудете му незаборавна авантура до најблиската река, брана или езеро.
Не ги оставајте слободните денови за подоцна
Едно нешто што ние често го слушаме во пораки на LIVE CHATOT на Кајак.мк е дека луѓето бараат да ги задржат деновите за одмор се додека патувањето повторно не стане „нормална“ опција. Но, тоа можеби не функционира во ваша корист. Затоа што можеби ризикувате и баш таа дестинација нема да ви биде достапна ова лето. Потоа следува нервоза и стрес.
Поставете дефиниција за пауза за време на работата
Ако се уште работите од дома. Внимавајте! Најважно од се е да поставите дефиниција и јасни причини поради кои причини и кое време ќе направите пауза. Таа е доста важна за вашето ментално здравје.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Грција разгледува нови мерки за поголема заштита на туристите!
Грција: Од 1-ви јуни се отвaраат угостителските објекти
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе

Џакузи под отворено небо во Македонија: Вила достапна на Кајак.мк
На Кајак.мк конечно можете да најдете сместување со приватно џакузи под отворено небо.

Македонија ја доби најуникатната планинска дрвена куќичка за престој
Кајак.мк е платформа која секогаш прва ги соопштува сите новитети во Македонија, и со особено задоволство објавуваме дека земјата можеби го добива едно од најуникатните планински сместувања во североисточниот дел.

Ова не е во Швајцарија — Ова е Македонија! Нов планински хотел со поглед кој освојува
Хотел Белица во Горна Белица. Нов и модерно реновиран хотел кој мора да го посетите!

Вила со базен со солена вода, џакузи и сауна во Дојран достапна на Кајак.мк
Сместувањата во Дојран добиваат силна конкуренција со појавата на нова, модерна вила која нуди врвно уживање и релаксација. Располага со базен со солена вода, џакузи и сауна – совршена комбинација за одмор и опуштање.

Успешен тим билдинг со SEMOS CLOUD: Море, сонце и тимски победи!
Тим билдинг со SEMOS CLOUD: Tимски дух и позитивна енергија. Зарем не посакува човек да работи во една ваква компанија?

Аристократ продолжува да сади иднина – годинава во Неготино!
Тим билдинг со етно музика, традиционални игри и вкусна локална храна, ја заокруживме уште една незаборавна авантура.