08.03.2021

Ги имам искачено 7-те највисоки врвови во светот и посетено повеќе од 50 земји

Ги имам искачено 7-те највисоки врвови во светот и посетено повеќе од 50 земји

Денеска е 8-ми Март, за многумина од вас важен ден од годината. Секоја година на овој ден се поставуваат многу прашања, се дискутира со различни ставови и гледишта за жените во Македонија и светот. Ние не би биле Кајак ако не споделиме патувачка приказна која би инспирирала многу жени.

 

Денеска ќе ви ја раскажеме приказната на Илина Арсова, чија приказна е доста позната, шт може да се каже дека е лекција која ќе ја повториме.

 

Илина е македонката која мотивира многу луѓе да се заљубат во активниот туризам. Таа е првата жена која ги има искачено седумте највисоки врвови на седум континенти. Таа е дел од седумдесете жени во светот кои го постигнале овој предизвик. Ова ја мотивира да започне со подигање на свеста на женското планинарење на овие простори.

 

Илина соработува со македонската ин-каминг агенција „Балкан Прајм Турс“ кои организираат одлични патувања за сите странски туристи во државата. Арсова вели дека туризмот го наоѓа како врска помеѓу природните и културни вредности на нашата земја, кои подеднакво ги почитува. Јазиците и се клучната алатка за патување низ светот, како и за соработка со странски туристи. Благодарение на зборовите на нејзината мајка: „Учи јазици, светот е твој“ успеала да ги научи и зборува шестте светски јазици и да комуницира на вкупно десет. Предноста да ги совлада јазиците е поради тоа што има патувано во педесеттина земји и работено во повеќето од нив.

 

Илина вели дека има интересно искуство со Балкан Прајм во последниве неколку години. Како туристички водич веќе 15 години, со огромна љубов ги споделува убавините на нашата земја со домашните и странски гости. Балкан Прајм е една од малкуте агенции каде ужива додека работи, а вели дека во последно време сака да се посветува и на приватни проекти кои ја прават среќна.

 

Арсова е задоволна од тоа како странските туристи гледат на Македонија. Според неа, тие остануваат без збор, истовремено се воодушевени од природните убавини и вџашени од негрижата кон природата, отпадокот и екстремно ниското еколошко ниво во земјава.

 

Она што можеби не сте го знаеле е фактот дека сликарството е нејзината првична професија. Сите други разновидни искуства се наталожуваат и калемат во непосредна врска со умерноста.

За неа најинтересно е што некои од туристите толку се поврзуваат со неа што до денеска се во контакт. Контактира со туристи со кои се дружела уште во 2003-та година кога активниот туризам во Македонија беше во подем.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.