15.07.2019

Сфингата, пирамидите и други мистерии на Египет

Сфингата, пирамидите и други мистерии на Египет

Четвртата пирамида откриена во Гиза

pr02

Четвртата пирамида, која се проценува дека е стара 4000 години, била откриена во Гиза. Според Захи Хавас, шефот за антиквитети, пирамидата била третирана како да не е важна, веројатно со оглед на тоа кому му била наменета. Си-Би-Ес Њуз открива дека четвртата пирамида била изградена за време на осумгодишното владеење на фараонот Менкаухор. Пирамидата била закопана под 7.6 метри песок, кој бил отстранет во текот на осумнаесет месеци од страна на Хавас и неговиот тим. Тој изјавува дека мистериозната структура била изградена набргу по трите пирамиди во Гиза, коишто датираат до 2500 г.п.н.е.

Допрва претстои да се најде картуш (хиероглиф кој го открива идентитетот на телото во пирамидата). Но, со оглед на досегашните показатели, Хавас е сигурен дека тоа му припаѓа на Менкаухор. Се чини дека за време на неговото владеење, Менкаухор не оставил значаен белег врз египетската историја, и ова може да е единствената пирамида којашто била запоставена. Хавас и неговиот тим сѐ уште ја проучуваат пирамидата и бараат нови детали за Менкаухор.

Изгубениот град Хераклеион

pr03

Хераклеион, древен град во Египет, бил важен центар за увоз и извоз во срцето на египетското крајбрежје. Градот постоел до пред 1200 години, но научниците не можеле да откријат како градот успеал да се спушти до дното на Средоземното Море. Директорот на одделението за морска археологија при Оксфордскиот универзитет, д-р Дамиен Робинсон, којшто го предводи сегашниот тим на истражувачи, вели дека е возбуден од можноста да ги открие мистериите на овој заборавен град.

„Градот кој го ископуваме е голем град. Локалитетот е неверојатно зачуван. Сега започнуваме да гледаме некои од поинтересните делови во него за да се обидеме да го разбереме животот во него.“

Градот бил најден 46 метри под морската површина во заливот Абукир, кој е граница помеѓу реката Нил и Средоземноморието. До сега биле најдени шеснаесет големи статуи, покрај стотици други помали статуи. На некои од нив има натписи на египетски и старогрчки. Натписите допрва треба да се дешифрираат.

Исчезнувањето на Нефертити

pr04

Исчезнувањето на кралицата Нефертити предизвикало појава на многу теории кои ги обременуваат археолозите. Некои веруваат дека ја изгубила наклоноста на фараонот Ахенатон. Според друга теорија, таа умрела од тага набргу по неговата смрт.

Последната и најприфатена теорија за исчезнувањето на Нефертити е дека таа воопшто не исчезнала, туку го променила своето име во Нефернеферуатен. Тоа било нејзиното ново, помажествено име со кое таа станала ковладетел на Египет. Во тоа време на жените не им било дозволено да владеат, па така за да може да ја задржи својата позиција, Нефертити морала да го промени своето име. Но, нејзиното тело сѐ уште не е идентификувано. Дури кога ќе се открие нејзиното тело, ќе може да се дознае што навистина се случило со кралицата.

Загатката на Сфингата

pr05

Сфингата од Гиза сѐ уште се смета како најмистериозниот артефакт на Земјата. Загатката на Сфингата не е само метафора. бидејќи до ден денешен не се знае за што точно служела таа. Изградена во 1400 пр.н.е. таа била изделкана од едно парче варовник, висока 20 метри и долга 73 метри. Водечкиот египтолог Џејмс Ален сосема јасно става до знаење колку малку се знае за Сфингата.

„Египќаните не ја запишувале историјата, така што немаме цврсто сведоштво за тоа што таа претставувала за нивните градители…Со сигурност нешто божествено, веројатно приказ на некој крал, но за тоа само може да се претпоставува.“

Дури и самото име „Сфинга“ ги збунува археолозите. Името потекнува од грчката митологија, во којашто Сфингата била суштество со глава на човек и тело на лав, а понекогаш се опишува и со крилја. Името можеби било прифатено од страна на Грците по некои 2000 години откако таа била изградена, но никој не знае точно од каде доаѓа нејзиното име, или што означува.

Во Египет секој ден се случуваат нови откритија. Какви ли сѐ нови мистерии ќе откријат археолозите?

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Неделно откритие од Македонија: Бонче – Кралската гробница под Селечка Планина

Откриј ја Бонче – Кралската гробница кај Селечка Планина во Пелагонија. Антички локалитет од IV век п.н.е. кој ја открива моќта и историјата на стара Македонија.

The Dude Specialty Coffee Skopje – #30 во Европа меѓу најдобрите кафулиња 2026

The Dude Specialty Coffee Skopje се рангира на #30 во Европа и меѓу 100-те најдобри во светот за 2026, потврдувајќи ја растечката specialty coffee сцена во Македонија.

5 работи што туристите ги снимаат во Македонија, а локалците често ги игнорираат

Откријте што најчесто снимаат туристите во Македонија – сцени и моменти од секојдневието што локалците често ги занемаруваат, а посетителите ги доживуваат како автентична вредност.

Колку навистина чини еден викенд во Македонија?

Реална анализа на трошоците за викенд патување во Македонија – сместување, пат, храна и активности. Колку треба да издвоите за кратко бегство од градот денес?

Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава

Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава.

Топлотен бран во Европа: Како екстремните температури влијаат на летниот туризам во 2026

Екстремен топлотен бран со температури над 40°C ја зафаќа Европа. Дознај како жештините влијаат на туристичките патувања, дестинации и летниот туризам во 2026.