17.08.2021
Изнајмете куќа во Берово каде ќе бидете пречекани со домашно слатко
Изнајмете куќа во Берово каде ќе бидете пречекани со домашно слатко
Во базата на
Кајак.мк додаваме уште едно автентично сместување кое се наоѓа во градот Берово,
а чии домаќини ја запазуваат традицијата на пречекување на гостите со домашно
слатко и вода.
Денеска ве запознаваме домаќините на куќа „Поли“, чија куќа се наоѓа во мирниот дел на градот Берово, а која има градина идеална за уживање.

Домаќините ја почитуваат традицијата. Престојот во нивниот
дом не е само едно обично ноќевање, туку е цела гастрономска приказна.
Куќата е доста автентична, а домаќинката Ангела ни вели дека честопати слушала од гостите коментари дека сместување со автентичен дух на денешно време е тешко да се најде. На своите гости им овозможуваат да уживаат во традиционалните рачно ткаени черги од нивните предци, а на самиот пречек на гостите ги послужуваат со домашно слатко и вода.

Домаќините се промотори на домашната локална храна која се подготвува во овој крај од Македонија. Гостите имаат можност да бидат послужени со зелник, попарник и беровско сирење, доколку гостите одлучат да нарачаат. Тие додаваат дека секоја добра прошетка околу беровското езеро заслужува да биде поткрепена со добар појадок или вечера.

Езерото пак, се наоѓа на шест километри од градот, атракција која мора задолжително да ја посети секој кој ќе патува во Малешевијата. Густа борова шума, патеки за пешачење, велосипедизам и Off-road или со еден збор белите дробови на градот. Куќата се наоѓа во мирна област. Располага со дворче во задната страна на куќата каде има место за скара и ручек.
Доколку сакате повеќе информации, цени и фотографии од сместувањето, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.