05.09.2020

Викенд дестинација: Коџаџик- куќата на Али Риза, таткото на Ататурк

Викенд дестинација: Коџаџик- куќата на Али Риза, таткото на Ататурк

Туристичкиот сервер и прв туристички агрегат за патување Кајак.мк ви го предлага Коџаџик како викенд дестинација. Коџаџик е село во Општина Центар Жупа, во околината на градот Дебар. Селото се наоѓа во областа Жупа во Западна Македонија, на планината Стогово.

Предлогот е од Julijana Nikolova, чии фотографии се испратени во прелогот, освен насловната која е позајмена од википедија. 

Меморијален центар „Коџаџик“- родната куќа на Мустафа Кемал Ататурк, основоположник на модерна Турција. Таткото на Ататурк, Али Риза ефенди (1839- 1888) е роден во семејството на Казли Хафез Ахмед, служел во турската војска и кон крајот на XIX век се преселил во Солун. Таму, се запознал со Зебеиде Ханим, со која покасно и се оженил. Нивниот син, Kемал Мустафа, се родил во родното село на неговата мајка, Лангаса. Големата желба да ја зачува врската со својот роден крај, Али Риза ефенди го испраќа својот син во военото училиште во Битола.


Според археолошките податоци и градежните материјали од остатоците на куќата, се предпоставува дека куќата на семејството на Kемал Ататурк е изградена според истиот терк како и останатите куќи во тој период.

Покрај остатоците од куќата, во нејзина близина се наоѓале и остатоци од друг станбен објект кои заедно представуваат една целина. Едната куќа е позната како семејна, а помалата е позната како роднинска. Нивните sидови биле изградени од кршен и необработен камен залепени со кал.


Родната куќа на Ататурк се наоѓа на североисточниот крај од селото Коџаџик, на карпест и стремен терен, со поглед кон тврдината Коџаџик.

Врз темелите на старата куќа е изградена спомен-куќата на семејството на Ататурк. Овој меморијален комплекс се простира на повеќе од 20 000 метри квадратни каде се изградени двете автентични куќи, семејната и роднинската, а во самиот двор е изграден и амфитеатар. Овој меморијален споменик е изграден од Министерството за култура и турската агенција ТИКА. Овој музеј е отворен на 19 мај 2014 со меѓудржавна свечена церемонија.




Археолошки наоѓалишта
  • Аџи Чорме Мемети — тумул од железно време
  • Ѓурумлук — средновековна некропола
  • Кале — старомакедонска, римска и средновековна населба
  • Келица — средновековна населба
  • Петко — средновековна населба



Патувајте во Кумбургаз, Турција на море без PCR тест! Tермин од: 13.09-18.09! Инфо: 076 791 157

Во цената е вклучено:
Пет ноќевања во хотел 3* во населбата Кумбургаз со вклучен појадок
Користење на 3 бесплатни лежалки
Автобуски превоз со високотуристички автобус
Туристички придружник за време на целиот престој
Можност за доплата од само 30 евра за полупансион

 Целосна програма за Хотелот Diamond City ОВДЕ

Tрансфер од повеќе градови!
Можност за сопствен превоз и флексибилни термини со повеќе или помалку денови!

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

The Dude Specialty Coffee Skopje – #30 во Европа меѓу најдобрите кафулиња 2026

The Dude Specialty Coffee Skopje се рангира на #30 во Европа и меѓу 100-те најдобри во светот за 2026, потврдувајќи ја растечката specialty coffee сцена во Македонија.

5 работи што туристите ги снимаат во Македонија, а локалците често ги игнорираат

Откријте што најчесто снимаат туристите во Македонија – сцени и моменти од секојдневието што локалците често ги занемаруваат, а посетителите ги доживуваат како автентична вредност.

Колку навистина чини еден викенд во Македонија?

Реална анализа на трошоците за викенд патување во Македонија – сместување, пат, храна и активности. Колку треба да издвоите за кратко бегство од градот денес?

Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава

Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава.

Топлотен бран во Европа: Како екстремните температури влијаат на летниот туризам во 2026

Екстремен топлотен бран со температури над 40°C ја зафаќа Европа. Дознај како жештините влијаат на туристичките патувања, дестинации и летниот туризам во 2026.

Неделно Откритие од Македонија: Бабуна Пешти – скриен кањон кај Велес

Откриј ја Бабуна Пешти кај Велес, тесен кањон со варовнички карпи, природни пештери и недопрена речна природа, идеален за љубители на авантура и мир.