20.03.2022

Викендица во Лесново: Опколени со природа и зеленило за џабе

Викендица во Лесново: Опколени со природа и зеленило за џабе

Кој и да нè праша за тоа каква ни е целта во 2022-ра година, ние од Кајак велиме дека целта ни е да додадеме што е можно повеќе сместувања на уникатни локации и места на кои ретко можете да најдете сместување на интернет. Наша цел е да го разубедиме секој домаќин да ги отвори своите врати за светот на Кајак.мк и започне со испишување на една среќна приказна, бидејќи како што честопати знаеме да кажеме: Во Македонија недостасува среќата.


Запознавањето на нови луѓе, раскажувањето на животните приказни е она кое секој од нас ќе го направи исполнета личност со нови знаења и ќе му даде желба да продолжи да го гради она кое милува да го постигне.

Денеска сме среќни што успеавме за првпат во историјата на Кајак.мк да додадеме ново сместување кое се наоѓа во Лесново, многумина ќе се согласат дека го знаат селото по „Лесновски манастир“.


Домаќинот Трајче е нов помеѓу многуте кои ги отворија вратите за нашите патувачи. Неговата викендица располага со простран двор, нов изграден објект и со сите неопходни елементи за функционирање.


Во Лесново има што да се посети и како да се искористи слободното време. Одвојте еден ден за изучување на историјата на манастирот, еден ден за прошетка по стазите за планинарење, еден ден за посета на пештерите, а еден ден за гастрономско искуство во трите угостителски објекти кои се наоѓаат овде.


Фото:Фото: Google/Tosee - Own work

Од искуството на локалните жители туристите најмногу се заинтересирани за пештерите кои во минатото служеле како ќелии во кои престојувале голем број монаси. Според преданието, тие настанале кога локалното население ископувало руда. Подоцна овие пештери биле населени од пустиножители и испосници, кои во овој крај ги имало многу.


Фото: mojportal.mk

Оние пак кои се љубители на активниот туризам, наша препорака е да го искачат „Илински врв“ каде може да ја посетат несекојдневната испосница на Св.Гаврил, а воедно и да уживаат во панорамските глетки кон Јакупива, Скопска Црна Гора, Шара, Осоговските планини и ред други.


Ова викендица е идеална за бегство од градот. Доколку сакате повеќе информации, фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Ивана и тивката магија на филигранот: приказна за уметност, трпение и уникатност

Откриј ја приказната на Ивана и нејзиниот рачно изработен филигрански накит – уникатни парчиња создадени со љубов, инспирација од природата и лични приказни, каде секој детаљ носи своја уметничка вредност и автентичност.

Први Мај – вистинското значење на Меѓународниот ден на трудот во современото општество

Откријте ја вистинската важност на Први Мај – Меѓународниот ден на трудот. Анализа на неговото историско значење, современите предизвици и зошто овој ден не треба да се сведува само на одмор и традиција.

Ново на Kajak.mk: Везден – Академија за млади готвачи

Едукативна кулинарска академија за деца каде преку интерактивни работилници се учат основи на готвење, тимска работа и здрави навики. Практично учење во безбедна и креативна средина со стручно водство. Резервации достапни и преку Kajak.mk

Уникатни сместувања во Македонија – Необични и автентични престои | Kajak.mk

Откриј уникатни сместувања во Македонија – необични куќи, еко престои и автентични објекти со посебен карактер. Резервирај директно преку Kajak.mk и доживеј нешто различно.

Во Македонија: Нови бунгалови во кои секој би сакал да престојува!

Нови бунгалови во Старо Нагоричане, идеални за викенд бегство!

Реструктурирање на крстарењата 2026 – како геополитиката го менува морскиот туризам

Во 2026 крстаречката индустрија се менува поради геополитички ризици. Нови рути, преместување на флоти и раст на Медитеранот и Карибите ја редефинираат иднината на крстарењата.