10.02.2022
Дали сте слушнале за село Вишни?
Дали сте слушнале за село Вишни?
Дали сте слушнале за село Вишни? Кајак.мк ја надополни базата од приватни сместувања со рустична селска куќарка во селото Вишни, а која може да ја резервирате со еден клик ОВДЕ.

Фото: Darko CV
Нашиот тим не би бил спокоен ако не ви ги сподели информациите за селото, околината, како и да ви даде совети за тоа што треба да правите во Вишни. За љубопитните патувачи кои се нетрпение чекаат да додадеме ново сместување и да го спакуваат куферот, треба да го знаат следното:
Село Вишни се наоѓа во склоп на општина Струга. Oна што го прави селото да биде уникатно е надморската висина од 1050 метри од каде има прекрасен панорамски поглед кон Струга и Охрид.

Foto: Nome Gaming
До селото може да стигнете по магистралниот пат од Струга кој води до граничниот премин Ќафасан.
Доколку се одлучите да го посетите селото и да престојувате во новата уникатна рустикална куќарка, наш совет е да ги посетите изворите кои се наоѓаат во околината на селото. Ова е одлична можност за активности во природа и уживање во чист планински воздух.

Foto: David Duce
Вишенските избори или Студенец, Извор, Чешма и други се места кои ќе ви го исполнат слободното време, а ќе го пополнат телефонот со прекрасни фотографии.

Foto: Darko CV
Во селото Вишни ќе начекате мештани со кои можете да муабетите за локалниот живот, но што се однесува за уникатните доживувања кои Кајак.мк ви ги овозможува, мора да истакнеме дека куќарката има огромна градина од каде можете да си скубнете сезонски зеленчук и да подготвите салата.

Домаќинот Ангел вели дека селото има доста гости за време на летната селска слава Атанасовден, како и на Спасовден кога жителите на селото ги пренесуваат моштите на Атанасиј во пештерната црква Св. Спас. Ова е стар обичај каде пренесувањето на моштите го врши девојка.

Foto: Elena Sekulovska
Ангел додава дека гостите имаат можност да го посетат и селото Горна Белица, за кое село сме пишувале доста информации.
Сместувањето кое го нуди Ангел е идеално за група авантуристи кои ги користат викендите за истражување на Македонија. Максималниот капацитет е до 10 лица, а во куќарката има две купатила со тоалет и парно греење кое е на дрва.

Foto: Darko CV
Околината е идеална за планинарење, шетање, посета на пештерската црква, како и уживање во прекрасниот панорамски поглед кон Струга и Охрид.

Сместувањето располага и со Wi-Fi, што значи дека доколку сте помала компанија која работи он-лајн можете слободно да ја „преселите“ вашата канцеларија овде.

Доколку сакате повеќе информации, фотографии и контакт за резервација тогаш кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Ивана и тивката магија на филигранот: приказна за уметност, трпение и уникатност
Откриј ја приказната на Ивана и нејзиниот рачно изработен филигрански накит – уникатни парчиња создадени со љубов, инспирација од природата и лични приказни, каде секој детаљ носи своја уметничка вредност и автентичност.
Први Мај – вистинското значење на Меѓународниот ден на трудот во современото општество
Откријте ја вистинската важност на Први Мај – Меѓународниот ден на трудот. Анализа на неговото историско значење, современите предизвици и зошто овој ден не треба да се сведува само на одмор и традиција.
Ново на Kajak.mk: Везден – Академија за млади готвачи
Едукативна кулинарска академија за деца каде преку интерактивни работилници се учат основи на готвење, тимска работа и здрави навики. Практично учење во безбедна и креативна средина со стручно водство. Резервации достапни и преку Kajak.mk
Уникатни сместувања во Македонија – Необични и автентични престои | Kajak.mk
Откриј уникатни сместувања во Македонија – необични куќи, еко престои и автентични објекти со посебен карактер. Резервирај директно преку Kajak.mk и доживеј нешто различно.
Во Македонија: Нови бунгалови во кои секој би сакал да престојува!
Нови бунгалови во Старо Нагоричане, идеални за викенд бегство!
Реструктурирање на крстарењата 2026 – како геополитиката го менува морскиот туризам
Во 2026 крстаречката индустрија се менува поради геополитички ризици. Нови рути, преместување на флоти и раст на Медитеранот и Карибите ја редефинираат иднината на крстарењата.