25.10.2022

Планинско сместување на 1350 мнв кој мора да го резервирате

Планинско сместување на 1350 мнв кој мора да го резервирате

Тимот на Кајак.мк продолжува со приклучувањето на нови уникатни сместувања во нашата база кои ќе ви овозможат едно поинакво искуство за време на слободните викенди.

Пред нас се прекрасни есенски денови, прекрасна листопадна шума која ви создава една златна бајка, а за љубителите на снегот и снежните спортови, треба да нагласиме дека полека но сигурно се приближуваме кон отворањето на ски сезоната.


За оние кои не се големи љубители на есента и зимата, ние како тим ќе се потрудиме да им дадеме совети со кои ќе им помогнеме да се засакаат и студентите годишни времиња.

Денеска еден од повеќето совети кои ќе ви го споделиме е посетата и престојот во вилата „Света Вода“ која се наоѓа на 1350 метри надморска височина или во туристичкото место познато како „Калин Камен“.


Вилата е прекрасна во секое годишно време, но есента и зимата имаат свои позивни страни овде. Прекрасниот поглед кон планинските предели, шареколиката шума и високата надморска височина се само дел од причините поради кои треба да резервирате престојување уште денеска.


Доколку пак се прашувате како да го искористите слободното време овде, треба да знаете дека на само 4 километри од сместувањето се наоѓа езерото Калин Камен, а овде се и Станечките водопади кои се честа мета на многу авантуристи.


Сместувањето е идеално за група до 10 гости. Што ви укажува на тоа дека е супер опција за друштвено авантуристичко патување. Во околината нема други објекти, што значи дека објектот е во потполен мир и тишина. Вилата располага со летниковец од 100 квадрати, посебна кујна, опремена фурна, место за печење месо и простор за скара.


Околината на сместувањето е со букова и боровашума. На 8 километри е Крива Паланка, а на 6 километри се наоѓа манастиро Св. Јоаким Осоговски.

Вилата располга и со 2 велосипеди кои им се достапни на гостите.

Доколку сакате повеќе информации, фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.