13.12.2022
Ја изгубив работата како професор и прераснав во занаетчија
Ја изгубив работата како професор и прераснав во занаетчија
Во Македонија има многу локални херои кои значат
пример за тоа како треба да се однесуваме кон животната средина и како треба да
ги користиме рециклираните материјали се со цел да создадеме нешто што ќе биде
уникатно, ќе има свое значење и ќе едуцира.
Денеска ќе ве запознаеме со уште една локална хероина, чии изработки се достапни во балакницата на Кајак.мк, а кои можете да ги нарачате со еден клик ОВДЕ.

Велес има многу локални занаетчии, а меѓу нив е
Тања. Жената која прави мали нешта од огромно значење за развојот на свеста
кај младите и идни генерации.
Тања е професор по философија, поранешен наставник по етика, а денес занаетчија и уметник. Нејзините креативни изработки се претежно накит од глина, хартија и рециклирани материјали (пластика и списанија). Исто така изработува накит и слики со техника квилинг на хартија.

Идејата за ваквите изработки започнала во
време на пандемијата, кога била отпуштена од работа и кога почнала потполно да
се заминава со квилингот како хоби. Од квилингот преминала и во други експериментирања
со материјали.
Тања вели дека процесот на создавање за неа понекогаш е медитација, а понекогаш предизвик. Бидејќи како што вели таа нештата не секогаш се одвиваат според тоа како што сме ги планирале. Но настрана од сето ова, таа ужива во целиот процес бидејќи ова е нешто кое денеска ја држи во живот.

Таа за Кајак.мк вели дека најголема поддршка
добива од нејзиното семејство, од сродните души ракотворци со кои лично не се
познава и комуницира само он-лајн, но тие се секогаш присутни за совет и за да
и помогнат со материјали за набавка.
Огромна поддршка добива и од луѓето кои ги купуваат нејзините изработки. Таа вели дека нема ништо поубаво од тоа кога ќе виде насмеани лица.

Запрашана за тоа кои изработки најчесто се продаваат, Тања вели дека како најбарани се квилинг сликите со „Бакнежот“ (од Климт), „Малиот Принц“, „Ѕвездена ноќ“ (од Ван Гог), квилинг слики од мачиња и бувови, персонализирани квилинг слики (по идеја и желба на клиент), обетки со Фрида Кало, рециклираниот накит и персонализирани обетки од глина со слика по желба од клиент.

Производите најчесто се по желба на купувачите
што значи дека секогаш треба да се има предвид дека за една изработка се
потребни три дена. Ние сме среќни што од денеска Тања има своја тезга на
Кајак.мк, а се надеваме дека и помогнале да успее да продаде што е можно повеќе
изработки.
Не се двоумете дали да нарачате. Со вашата
нарачка вие ќе ги направите среќни и занаетчиите и луѓето на кои ќе им подарите
уникатен подарок. Нарачките можете да ги направите со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Излетничките места – идеална дестинација за викенд бегство во природата
Откриј ги најубавите излетнички места во Македонија – идеални дестинации за викенд прошетки, природа, авантури и мир со kajak.mk.
Вкусови од Македонија: автентично гастрономско патување
Доживејте ги автентичните вкусови на Македонија преку нејзината богата гастрономска традиција. Откријте локална храна, културни приказни и незаборавни искуства.
Како да се одржи автентичноста и квалитетот кога туристите се повеќе доаѓаат
Откријте како Македонија може да го задржи својот автентичен дух и квалитет во време кога бројот на туристи расте секој ден.
Живот на село во Македонија: Мир, природа и автентично искуство
Откријте зошто животот на село нуди мир, чист воздух, здрава храна и блиска заедница. Селото е идеално место за здрав и исполнет живот.
Село или град: каде младите во Македонија го гледаат својот живот?
Село или град – каде младите во Македонија го гледаат својот живот? Анализа на последните пет години, мотиви, трендови и избори на младите, со поглед на урбаната динамика и руралната иднина.
Засадивме 1700 дрвца: За секоја онлајн резервација извршена преку Кајак.мк во изминатиот период
За секоја онлајн резервација и уплта преку Кајак.мк вие донирате по едно дрвце за пошумување во Македонија. Тимот на Кајак.мк на 01.11 засади нови 1700 дрвца во Македонија за најновите 1700 онлајн резервации извршени преку Кајак.мк во изминатиот период.