21.04.2020
Шестмина туристи се криеле 25 дена во пештера во Индија
Шестмина туристи се криеле 25 дена во пештера во Индија
Шестмина странски државјани поминале 25 дена во пештера во близина на реката Ганг во Индија бидејќи останале без пари и морале да се одјават од хотелот кога земјата вовела блокада поради коронавирусот, пишува Макфакс
Сите шестмина туристи, кои се пронајдени во пештера во северната индиска држава Утараканд, се ставени во карантин по прегледот, иако не покажуваат никакви симптоми на новата болест, пренесува „Индипендент“.
Групата вклучува четворица мажи и две жени од Франција, Турција, Украина, Непал и САД. Полицијата ги пронашла откако добила известување дека неколкумина странци живеат во пештерата.
Тие живееле во пештерата од 24 март сè додека не биле пронајдени од полицијата и ставени во карантин.
Тие купувале храна од околните пазари и подготвувале јадења користејќи дрвени штици за огин во пештерата.
Владата им забрани на домашните и странските туристи да влезат во Утараканд на 20 март, како дел од мерките против ширење на коронавирусот.
Извор: https://makfax.com.mk
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.