16.11.2020

Подгответе го велосипедот, време е да го посетите Ротинското езеро!

Подгответе го велосипедот, време е да го посетите Ротинското езеро!

Вакво сонце како што ни нуди месецот ноеври е идеално за да ги користиме слободните денови на планина. Но знаете дека нашиот тим ретко препорачува целта да се освојува со автомобил? Во замена за вашиот автомобил, ние ви предлагаме да го понесете вашиот велосипед, а ако се уште немате велосипед, тогаш можеби сега е вистинското време да набавите.

@markomons

Како денешна дестинација која ви препорачуваме да ја посетите со велосипед е Ротинското езеро. Ова е вештачка акулулација на Ротинската река која е западно од истоименото село. Ова езеро се наоѓа на планината Баба, или како што ние од Кајак.мк умееме да кажеме- Пелистер.

Во непосредна близина на езерото поминуваат велосипедски и пешачки патеки што ја прават ова локална дестинација идеална за велосипедисти.

@mojsoskiii

Како да стигнете до езерото?
Од центарот на Битола до центарот на село Ротино води асфалтен пат во должина од 13 километри Од центарот на село Ротино, јужно до манастирот Св. Илија сместен на периферијата на селото, води тесен земјен пат кој е погоден и за лесни коли, меѓутоа идеален за целодневно пешачење или велосипедизам. Во близина на Манастирот има излетничкото место. Од тука, до Езерото кое е оддалечено на околу 250 метри води тесна планинарска патека.

@guguchevski

Кои културни и природни знаменитости може да ги посетите:
Црква „Св. Никола Долни“ - главната селска црква изградена во 1870 година
Црква „Св. Никола Горни“ — гробјанска црква
Црква „Св. Илија“ - главната манастирска црква на Ротинскиот манастир
Арнаутски Пат— пат од римско време;
Манастирска Црква — населба од среден век
Стара Црква — црква и некропола од среден век
Старо Село — населба од римско време

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Во село Габрово се отвори нов агротуристички комплекс: Агрорај во срцето на Југоистокот!

Сместена во срцето на природата, Лоуисандро е приказна за враќање кон корените, создадена со многу љубов и визија.

Вака изгеда рајот во Македонија: Дрвени куќички на сама плажа и опколени со природа

Тимот на Кајак.мк постојано патува и истражува за да ги лоцира најубавите места каде што можете да доживеете незаборавен одмор во текот на пролетните и летните месеци. Едно од таквите места е овој прекрасен камп сместен на само неколку километри од Струга.

Започнавме со организирање на најдобриот лов на тартуфи во Македонија!

Лов на Тартуф во Македонија! Тури кои ќе ви променат мислењето за планината и моќта на планината

За првпат на Кајак.мк: Сместување во Богомила!

Апартман во Богомила. Нов и скоцкан апартман идеален за семејства и парови кои сакаат да ја истражат ова природа.

Дали сте слушнале за селото Издеглавје? Од денеска имаме сместување достапно за вас, токму во ова селце!

Во срцето на планините, само 25 километри од Охрид, се наоѓа пространа и убава вила во селото Издеглавје.

Апартмани во Преспа какви што ни требаа на секој од нас

Сместувањето се наоѓа во село Штрбово, што ви дава до можност да ги истражите и соседните села Љубојно, Брајчино, како и крајбрежјето на Преспанско езеро.