20.06.2023
Предлог викенд: Крушево за време на „When In Krusevo“
Предлог викенд: Крушево за време на „When In Krusevo“
Ако размислувате каде да го поминете викендот од 30.06 до 02.07 тогаш тимот на Кајак.мк ви дава предлог: When in Krusevo!
Единствениот планински град во Македонија, Крушево, седма година по ред ќе го надополни летното уживање со фестивал кој на едно место обединува музика, спорт и култура! Дружењето и градењето летни спомени во Крушево оваа година ќе трае од 30 Јуни до 02 Јули, а организаторите ни ветуваат позитивна атмосфера, адреналин, одлична забава и многу љубов!

Пред да продолжите со читањето, ѕирнтете ги сите сместувања во Крушево и не заборавајте да побрзате и да резервирате. Сместувањата можете да ги погледнете со еден клик ОВДЕ.
Целта на фестивалот е промовирање на крушевскиот живопис полн со природни убавини и спортски атракции, будење на адреналинот и желбата за дружење, но и промоција на уметноста, историјата, живите традиции на градот и гостопримството кои и тоа како создаваат чувство на топлина.

Официјалното отворање започнува истиот ден со забава на отворено со најпознатиот
бунтовник од македонската музичка сцена ДАНИ
ДИМИТРОВСКА и својот бенд, додека наредните денови музичката програма на
отворено ќе ја надополнат FUNK SHUI, SHORTY P, DJ PATSIS, DJ Bapchu, ESTEPHANO,
Totsilly. Целосната програма може да се погледне на веб страната www.wheninkrusevo.com.mk.
Имајќи во предвид дека Крушево го има еден од најдобрите светски параглајдинг терени и е топ светска дестинација за овој вид на адреналински и активен туризам, во фестивалот е вклучен и атрактивното тандем параглајдинг летање од Мечкин Камен.

Меѓу другите адреналински спортови кои ќе ги понуди фестивалот се и искачување на вештачка карпа, јавање на коњи, кајак и SUP. За љубителите на планинскиот велосипедизам има тура од 20 километри и планинска велосипедска трка, додека за истражувачите на планинските убавини планинарска тура од 10 километри. Оваа година за обожавателите на трките, во рамките на фестивалот ќе се одржи улична трка од 5 километри, како и trail трка, а за гурманите се спрема саем за храна и пијалаци.

Бидејќи овој фестивал е од отворен карактер и нема возрасна граница, но има љубов и интересни содржини за секој посетител, истиот претставува силен магнет како за професионалните спортисти и љубителите на адреналински спортови така за уживателите на забави. Но, со се она што го нуди може да го категоризираме и како фамилијарен фестивал.
Со секоја
купена карта се добива попуст до 50% на
спортските активности, воедно се обезбедени влезници за Спомен куќата на Тоше
Проески, Македониумот како и Галеријата Никола Мартиновски.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Први Мај – вистинското значење на Меѓународниот ден на трудот во современото општество
Откријте ја вистинската важност на Први Мај – Меѓународниот ден на трудот. Анализа на неговото историско значење, современите предизвици и зошто овој ден не треба да се сведува само на одмор и традиција.
Ново на Kajak.mk: Везден – Академија за млади готвачи
Едукативна кулинарска академија за деца каде преку интерактивни работилници се учат основи на готвење, тимска работа и здрави навики. Практично учење во безбедна и креативна средина со стручно водство. Резервации достапни и преку Kajak.mk
Уникатни сместувања во Македонија – Необични и автентични престои | Kajak.mk
Откриј уникатни сместувања во Македонија – необични куќи, еко престои и автентични објекти со посебен карактер. Резервирај директно преку Kajak.mk и доживеј нешто различно.
Во Македонија: Нови бунгалови во кои секој би сакал да престојува!
Нови бунгалови во Старо Нагоричане, идеални за викенд бегство!
Реструктурирање на крстарењата 2026 – како геополитиката го менува морскиот туризам
Во 2026 крстаречката индустрија се менува поради геополитички ризици. Нови рути, преместување на флоти и раст на Медитеранот и Карибите ја редефинираат иднината на крстарењата.
Најавантуристичкиот тим билдинг во Берово со Кајак.мк
Тим билдинг во Берово којшто го органзира Кајак.мк е искуство кое се памети. Кој и да ви рече дека во Берово е здодевно и нема што да се прави, треба да знаете дека или ве лаже или ви љубомори :)