06.04.2020

Кина: Tуристичките места преполни, експертите велат дека ризикот е сè уште голем!

Кина: Tуристичките места преполни, експертите велат дека ризикот е сè уште голем!

Огромен број граѓани на Кина го искористија празничниот викенд за да прошетат по туристичките места во земјата, откако државата ја повлече забраната за самоизолација. Здраствените власти предупредуваат дека ризикот од ширење на коронавирусот е далеку од сведување на нула. 

Сликата од паркот Хуангшан во провинцијата „Анхуи“ во саботата на 4-ти април прикажа илјадници луѓе на во огромна гужва, а само малкумина од нив носат маски за лице. Самата фотографија говори дека луѓето го чекале овој момет за слободно движење после неколку месечните ограничувања.


Visitors pack Anhui province's Huangshan mountain park on April 4, exceeding the visitor limit of 20,000.

Според информациите од паркот, во 07:48 часот рано изутрината, било соопштено дека паркот го посетиле 20.000 лица и дека нема да прифаќаат влез на нови посетители, пишува Глобал Тајмс. Во меѓувреме, во Шангај, познатото место „Бунд“ повторно било преполно со купувачи и туристи.  Слична била и приказната во главниот град Пекинг, со тоа што локалното население ги преплавило сите паркови и отворени места. 


Crowds gather in Beijing to celebrate the Qingming Festival on April 6, after weeks of coronavirus fears.

Во понеделникот, Кина објави само 39 нови случаи, сите освен еден од нив се лица кои допатувале. До денеска, Кина има регистрирано 82.641 случаи од кои 3.335 смртни случаи. Но, додека владата полека ги релаксира ограничувањата, кинеските експерти за здравство ја повикаа јавноста да продолжи да практикува претпазливост.

Зенг Гуанг, главен епидемиолог во кинескиот центар за контрола и спречување на болести, во четвртокот изјави дека Кина е се уште далеку од крајот на епидемијата.  

Извор на веста: CNN Travel

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.