10.10.2022

Планината Крчин: Викенд дестинација за добри спомени

Планината Крчин: Викенд дестинација за добри спомени

Тимот на Кајак.мк одлучи месец октомври и ноември да го посвети на планината и на планинарите. Затоа одлучивме сите приказни од планинарите да ги споделуваме во целост. За нас секој кој ќе стапне на планина го прогласуваме за планинар. Од кои причини? Од причини што така би се мотивирале сите да продолжат да движат низ планините на Македонија, а со тоа ќе ја зајакнеме и самата промоција на планините.

Денеска ви го споделуваме четивото кое ни го испрати Бранкица Анѓелевска, а која заедно со познатата планинарска група I Love Hiking ја има уживано планината Крчин.


Бранкица вели дека ваквото уживање го реализирала поодамна, но поради фактот дека планината и оставила особено значење, таа ја споделува нејзината приказна на платформата на Кајак.мк.

Ви ја пренесуваме во целост: 

„Во 6 часот наутро, се натоваривме во комбињата во и тргнавме кон Маврови Анови, каде што ја направивме првата кафе и појадок пауза. По 15 минутната пауза се упативме кон добро познатиот Рекански крај. Во претходните колумни кога пишувам за овој крај од Македонија некако ми се развиваат посебни силни чувства исто како чувствата кога сум во мојот крај. Ако во март кога поминував од тука природата се будеше, верувајте дека преку лето е целосно разбудена и прекрасна. Ако тогаш Мавровска река беше разиграна како дете кое штотуку проодело, сега е веќе пораснато дете кое знае да трча брзо за да стигне до Радика со која понатаму заедно ќе ви го поматуваат зеленилото на шумата со својата сина боја. Прекрасен предел, полн со изненадувања кој на друго место нема да ги доживеете.


Стигнавме во Битуше на големата зелена полјана. Ова е почетната точка на нашата авантура. Кога ќе фрлите поглед и ќе погледнете каде треба да стигнете пеш може да ве фати паника, па затоа подобро е да ги слушете упатствата од водичите Деки, Алекс , Хари и Стефан и веднаш потоа да се нурнете во длабочината на преубавата зелена шума.

Групата се подели на три помали тима. Прв, среден и последен тим. Го поминавме дрвениот мост и тука почна големата авантура. Јас со уште три пријателки бевме во последната група. Едноставно, не ни се брзаше и сакавме да уживавме во уникатноста на природата. Разнобојни цвеќиња и дрвја полни со љубов. Полека но сигурно одевме по маркираната патека за да стигнеме до местото за првата пауза, бевме малку поспори од останатите што беа во последната група. Во еден миг да сфатиме дека сме сами на патеката. Она кое беше вистинско изненадување беше моментот кога за првпат се соочивме со диво животно. Одејќи по патеката, Вики беше прва, јас по неа, а по мене Ивана и останатите, нешто ми го привлече погледот на страна и тогаш го повлеков ранецот на Вики ја завртев накај мене за да и кажам не оди, не викај има мечка од страна. Верувајте немав поим што правам и дали тоа е правилно, но само тивко ги замолив да не се паничат, да не трчаат и да не викаат. Мечката со трчање по неколку секунди се упати кон густата шума и тогаш добивме сила да вртиме на телефон на другите кој беа по нас на неколку минути.


Кога стигнавме до местото за пауза, веќе сите беа запознаени со нашето искуство што го доживеавме и можеби ќе звучи како пофалба но паниката во нас не ги истакна емоциите на виделина. По кратката пауза се упативме кон врвот. По патеката наидовме на зајче кое поради паника трчаше околу нас, што ме поттикна во еден момент да речам: “Добро што им е на животниве денеска?”


Конечно се искачивме на Крчин точно 2341м.н.в и поглед за паметење. Се поставија знамињата на темелите на старата црква Старо Преображение. На едната страна Албанија, на другата страна Македонија, а на врвот млади насмеани лица кој се хранат со убавината на погледот. Кога сте на вакви места двогледот е вистинската направа преку која ќе прошетате низ целиот мијачки предел и ќе влезете низ сокаците на Галичник, Јанче, Тресонче, Лазарополе, Селце и Гари. Можете да видите што се случува во дворот на Св. Јован Бигорски и дали има некој на врвовите Меденица и Карбула. Ако го вперите погледот кон спротивната страна ќе стигнете до градот Почест во Албанија, но доколку гледате долж по граничната линија преку Дебарското Езеро се гледа и Охридското езеро. Едноставно, се наоѓате на едно место, но видикот се отвора и ви дава чувство дека истовремено на десет други места.



Време е да се тргне надолу. Со муабет и смеа се спуштивме на пространата полјана од каде што тргнавме, а од таму кон Ростуше го посетиме Дуфски водпад. Мирисот на дивот лук така дополнително ми ги опушти мислите, што дури и поскав да си заспијам покрај водопадот.

По завршувањето на денот, тргнавме кон Скопје, се качивме во автобус и ја оставивме природата да се одмори од нас до нашето следно видување.

Која е вашата планинска авантура? Споделете ја на [email protected]

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Започнавме со организирање на најдобриот лов на тартуфи во Македонија!

Лов на Тартуф во Македонија! Тури кои ќе ви променат мислењето за планината и моќта на планината

Апартмани во Преспа какви што ни требаа на секој од нас

Сместувањето се наоѓа во село Штрбово, што ви дава до можност да ги истражите и соседните села Љубојно, Брајчино, како и крајбрежјето на Преспанско езеро.

Дали знаете дека во Македонија се организираат Fly Fishing Тури?

Тимот на Кајак.мк е среќен што ваквите Fly Fishing Тури ги додава во својата база на туристички атракции, па не би сакале да слушнеме да речете дека во Македонија нема нови и уникатни атракции на кои можете да уживате.

Започнуваме со организирање на Рафтинг по Вардар или Црна Река

Рафтинг по Вардар и Рафтинг на Црна Река. Резервирајте авантура за цел тим.

Дали сте слушнале за ФИКА настаните кои се организираат во Скопје?

Идејата зад ФИКА е едноставна, но значајна: да се понуди креативно искуство во кое секој учесник може слободно да избере активност што му носи радост и внатрешен мир. Сликање со пастел и акварел, моделирање со самостврднувачка глина.

На Скопска Црна Гора отворен тренинг центар во природа

Центарот има затворен внатрешен дел со капацитет до 25 лица, како и надворешен простор до 40 учесници.