13.04.2023
Етно ресторан во село Подгорци кој мора да го посетите
Етно ресторан во село Подгорци кој мора да го посетите
Еј друштво! Тимот
на Кајак.мк ве информира дека наскоро ќе биде официјално отворен новиот етно
ресторан „Чардак“ во селото Подгорци.
Одлучивме да
одиме со наслов „Етно рестора во село Подгорци кој мора да го посетите“ од
повеќе причини.
Прва причина е одличната местоположба на селото. Подгорци се наоѓа на 910 метри надморска височина, што е идеално место за разладување во жешките летни денови. Позиционирано е на планината Јабланица, од каде имате почетна станица за пешачење и планинарење.

Во непосредна
близина се селата Лабуништа и Вевчани, а недалеку од селото на самата планина
се наоѓа помало езеро кое локалците го нарекуваат Локва.
Овие информации ви укажуваат на тоа дека вие можете да си организирате еден одличен активен викенд со посета на локалните природни дестинации, а потоа да го заокружите денот во етно ресторанот Чардак.

Домаќинот Влатко
кој ни ги отвори портите за светот на Кајак.мк вели дека ресторанот ќе стартува
со работа во скоро време и додава дека Чардак може да биде одлична попатна точка
на сите туристи и групи кои го истражуваат регионот на Струга.
Што се однесува
до специјалитетите, овде ќе може да се вкусат многу локални и традиционални специјалитети.
Повеќе
информации, локација и контакт од ресторанот можете да најдете со еден клик
ОВДЕ.
Коментари
-
Dragi Stojanovski
04.05.2023 13:44
Kade tocno se naoga Podgorci i kolku kista nokevanje za dvajca,odnosno dvokrevetna soba.So sreka da Vi e rabotata
-
Ajsera Ohrid
15.04.2023 22:42
Pozdrav!Srekno da vi e i Beriketno,Gospod napredija da vi dade.prekrasna idea so ovoj restoran
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.