28.06.2022

Планинарскиот дом Папрадиште: Животни спомени на многу планинари

Планинарскиот дом Папрадиште: Животни спомени на многу планинари

Денеска актуелна е темата за планинарскиот дом Папрадиште, објект во кој се впиени многу спомени на македонски и странски планинарски друштва. Во ѕидовите е впиана потта на луѓето кои го реконструирале и му дале душа, го вратиле во живот и му испишале една нова страница.

Тимот на Кајак.мк стапи во контакт со Игор, еден од домаќините, почитувачи на приказната на планинарскиот дом Папрадиште.


Ние побаравме да го приклулиме планинарскиот дом во нашата база се со цел да му ја дадеме сета поддршка која овој објект ја заслужува, а среќни сме да ве информираме дека планинарскиот дом од денеска е дел од нашата база и се надеваме дека истиот ќе остане да биде дел од светот на Кајак.мк


За оние кои првпат се соочуваат со Папрадиште. Треба да знаат дека станува збор за мијачко село кое се наоѓа на 8 километри од Железничката станица Богомила во Општина чашка. Селото има карактеристична историја. Родно место на врвни интелектуалци, градителот Андреја Дамјанов, преродбеникот Димитрија Чуповски и основоположникот на Македонското сликарство - Димитрија Андонов- Папрадишки.


Во селото се наоѓа специфичната двокорабна црква Св. Петар и Павле, а оние кои размислуваат кога да го посетат селото, домаќинот Игор ни потенцираше дека селска слава е Петровден, што значи дека многу иселеници се враќаат овде за овој празник.


Што се однесува до домот пак. Домот го има задржано автентичниот изглед на поранешното училиште кое со проект на Светска Банка и Министерството за Култура е реновирано од ЕГ Грин Пауер.


Домот нуди можност за приватни сместувачки капацитети и посета на околните бачила на Даутица ( 2ч) каде може да се учествува  во производство на овчо сирење. За активните планинари, сигурно се веќе запознаени со можностите кои ги нуди домот. Овде имае развиени и маркирани планинарски патеки кон С. Горна Белица (Македонски Брод), планинарскиот дом Чеплес и планинарскиот дом Стровија (Долнени).

Доколку сакате повеќе информации за планинарскиот дом, како и дирекна вибер врска за комуникација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.