11.03.2021

Македонки и Албанки од Преспа развиваат нова туристичка приказна

Македонки и Албанки од Преспа развиваат нова туристичка приказна

Секој регион на Македонија си има свои хероини, а денеска ве запознаваме со хероините на Преспа кои неуморно го промовираат регионот. Живеат за да создадат приказни и да ги раскажуваат на секој турист кој доаѓа овде. Го пренесуваат своето знење од нивните баби, а се афирмираат со воведување на модерни алатки за развој на туризмот. Овие жени успеаја да засадат 5000 садници планински чај во регионот, а денеска ќе се запознаете со нивната приказна.


Ние разговаравме со Виолета Прцуловска која е претседател на „Рурални жени од Преспа“ но како што вели таа, титулата претседател во друштвото е само збор, а влијанието и моќта да се дејствува е заедничка бидејќи на тој начин се успева многу повеќе.

Виолета вели дека нивното семејство рурални жени го счинуваат сопруги, мајки, ќерки и баби, интелектуалки и пензионерки, Македонки и Албанки кои ја делат љубовта кон Преспа и неуморно работат на промоција на овој прекрасен рурален регион, приготвувајќи традиционална храна. Жените се од повеќе села во регионот, но тоа не ги спречува да ја промовираат Преспа како една мултикултурна заедница која сите може да ја доживеат преку најдобрите македонски, албански и турски специјалитети кои тие ги приготвуваат.


Покрај традиционалата храна, Прцуловска вели дека нивната приказна успешно се гради и со изработка на домашни ракотворби и собирање тревки и чаеви кои се карактеристични за овој регион. Сето ова е поттикнато од фактот дека и жените може да заработуваат покрај нивните сопрузи кои се земјоделци.


„Регионов го промовираме со припремање на традиционална храна карактеристична за преспанскиот крај. Во изминатиот период бевме дел од многу настани каде преку нашите кулинарски способности го промовиравме регионов. Сите ни се драги, но би издвоила неколку како твитер настанот “I Love Prespa (Ја сакам Преспа)”, организиран од UNDP во 2018 во Скопје, вели Виолета. Таа додава дека во 2019 беа домаќинки на настанот “Meet Prespa (Запознајте ја Преспа)” настан кој траеше цел викенд на неколку локации во Преспа и имаше различни активности. Исто така, секоја година се присутни на Преспанскиот Јаболкобер бидејќи е празник на сите во регионот и го означува почетокот на бербата на јаболка.


Благодарение на руралните жени, странските туристи во регионот уживаат во специјалитети од традиционална преспанска храна и тоа преспански крап, белвици и циронки, до разни зелници, питулици и аршлама. Секако тука е и традиционалното преспанско ѓомлезе кое секогаш е хит меѓу гостите. Селска салата од домашен зеленчук како предјадење, а на крај се нуди штрудли од овошја кои растат на преспанско поднебје како што е штрудла со јаболка која е заштитен знак и секогаш ја имаат.


Овие жени имаат работено и на тематски настани по барање на гостите. Еден од настаните на кои ќе се сеќават е во селото Стење каде се оддржала промоција на зрнести овошја, а кои подготвени специјалитети биле инспирирани од тематиката на настанот. Исто така, овие жени биле дел од деновите на пчеларството каде приготвувале медени специјалитети.

Со странски туристи најчесто се среќаваат на фармата Spirit of Prespa. Таму се редовни домаќинки и главни “виновници” за превкусната храна која гостите имаат можност да ја дегустираат. Чести гости на настаните на кои приготвуваат храна се и некои амбасадори со кои имаат создадено добро пријателство.


На туристите им се допаѓа автентичноста, тоа што сме го зачувале и начинот на кој го промовираме традиционалното. Туристите се воодушевени од моментот кога пред нив ја приготвуваме храната, особено ѓомлезето, вели Виолета.


Според неа, странските туристи знаат да го проценат трудот и желбата за работа, но и храброста да покажат тоа што знаат и умеат. Препознатливи се во тоа што го работат. Нивниот потенцијал го препознаа неколку организации кои сега се поддржувачи и инспиратори да продолжат и понатаму. CNVP и PONT се главни спонзори и со нивна помош успеаја да засадат 5000 садници планински чај. Во моментот се фокусираат на култивирање на чајот бидејќи нема настани и туристи.

Овие жени може да ги пронајдете на социјалните мрежи како „ Рурални Жени од Преспа“ или „Преспански планински чај“, а наскоро и на веб-страница која е во изработка. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Предлог дестинација за овој викенд: Преспа – езерската убавина која повторно го привлекува вниманието на патниците

Откријте ја убавината на Преспа овој викенд. Посетете ги Претор, Отешево и Крани, истражете ги локалните атракции и пронајдете идеално сместување покрај Преспанското Езеро.

Неделно откритие од Македонија: Изворите на Бабуна

Високо во Јакупица, над Нежилово, се наоѓаат изворите на Бабуна – недопрено планинско подрачје каде реката започнува како мрежа од мали студени извори меѓу шума, камен и тишина.

Една година подоцна: Како директната линија Истанбул – Охрид го отвори Охрид кон светот

Една година подоцна: Што донесе линијата Истанбул – Охрид за туризмот во Македонија?

Лето 2026: новата слика на туризмот – од класичен одмор кон искуства, планини и микро-дестинации

Лето 2026 ја носи новата насока на туризмот – од класични одмори кон автентични искуства, планински авантури и откривање на микро-дестинации што нудат вистинска поврзаност со природата и локалната култура.

Неделно откритие од Македонија: Смрдлива Вода – Кожуф

Смрдлива Вода на планината Кожуф е планинска дестинација позната по минералниот сулфурен извор, чистиот воздух и пристапот до планинарски патеки, идеална за одмор и рекреација во природа.

Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто!

Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто! Организирање тим билдинг во Грција кога сонцето има магија да ни создаде тен за старт на летната сезона.