13.04.2022
Додаваме „аутизам френдли“ етно ресторан во базата на Кајак.мк
Додаваме „аутизам френдли“ етно ресторан во базата на Кајак.мк
Дали се сеќавате на приказната која ја објавивме изминатата година, а беше поврзана со Виктор од Босилово? Младо момче со аутизам кое вредно му помага на својот татко во семејниот ресторан. Доколку не сте ја прочитале приказната, неа ќе може да ја погледнете со еден клик ОВДЕ.

По една година од
приказната на Кајак, среќни сме да Ве информираме дека ресторанот „Кај Виктор“ сега
е официјално сертифициран како „аутизам френдли“ угостителски објект во
Македонија. Затоа од денеска можете да го резервирате преку нашата база
„Гастрономија“ или со еден клик ОВДЕ.
Сопственикот и татко на Виктор, Коста Тимов за Кајак вели дека за да се стекнете со лиценца за „аутизам френдли“ објект треба да се помине низ процес во кој се учат многу нови работи.

Коста вели дека процедурата
се дели во два дела. Првиот дел е полаѓање пред стручна меѓународна комисија
која ги следи европските и светски стандарди, а вториот дел е прилагодување на
објектот според условите кои се бараат.
Во моментов етно ресторанот „Кај Виктор“ исполнува 80% од условите, а останатите 20% треба да се имплементираат во наредните 6 месеци. Овде се вбројуваат сопствена градинарска бавча со пермо култура, тоалет за лица со инвалидитет.

Коста вели дека
близината на реката им овозможува да организираат пешачење, да возат велосипеди
со специјални трицикли, но и да организираат повеќе културни и инклузивни
настани во годината.
Среќни се што досега имале доста соработки, а горди се дека нивниот етно ресторан го посетиле доста родители на деца со посебни потреби со кои взаемно си помагаат и пренесуваат искуства.

Коста е задоволен на промоцијата која ја доби од Кајак.мк. Вели дека во текот на годината ги посетиле нови гости, запознале нови соработници со кои имплементирале нови идеи.

Она на кое најмногу
се фокусираат Коста и Виктор се вкусната и здрава храна. Коста вели дека
гостите се задоволни од вкусовите. Најмногу се бара селско месо, микс од салати,
безглутенско мени, домашен зелник, макала и слично.
Коста е среќен што Виктор запознава нови пријатели. Вели дека иако се дружи во краток интервал, ако се покаже желба за дружење тој е секако расположен за тоа. Коста вели дека Виктор постојано учи и вложува во инклузијата.

Најчесто како гости на етно ресторанот се семејства кои доаѓаат на семеен ручек, а честопати се организираат и семејни веселби. Не се исклучуваат ниту семинарите, тим-билдинг настаните и ветеранските кошаркарски другари на Коста од цела Македонија.
Доколку сакате да стапите во контакт со Коста, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.