16.08.2022

Отворивме хотел за домашни миленици: Најскапоцените гости кои знаат како да уживаат

Отворивме хотел за домашни миленици: Најскапоцените гости кои знаат како да уживаат

Секогаш постои опција „Б“ ако нема кој да се грижи за вашиот миленик во деновите кога треба да отпатувате некаде, а не сте во можност да го понесете миленикот со вас.

Во базата на Кајак.мк имаме сместувања за домашни миленици. Дел од вас сигурно сте веќе запознаени со начинот на кој функционираат „хотелите за домашни миленици“, а за останатите кои за првпат читате нешто вакво, со сигурност би ви било интересно четивото. Новите домаќини кои од денеска се дел од нашиот свет го носат името „М&M“ и за Кајак.мк велат дека во нивниот хотел се добредојдени сите миленици.


Ние разговаравме со Мартина, која вели се наоѓаат во Сопиште, на 500 метри надморска височина. Во нивниот објект често може да се забележат зајчиња, птици, мачиња и кутриња. Сите видови се одвоени едни од други за да не настанe конфликт помеѓу „гостите“, но тие им посветуваат доволно внимание на сите гости се со цел да им угодат на потребите. Мартина вели дека имале и агресивни кучиња, питоми, со социјална анксиозност, несоцијализирани и тоа за нив е најголемиот предизвик.


Бидејќи станува збор за отворен концепт бројот и капацитетот е секогаш различен. Односно зависи од групата на животни. На пример, кога има кутре со одредена здравствена состојба кое бара поголема грижа или пак кутрето е агресивно тогаш капацитетот се намалува бидејќи грижата за тоа животно е пообемна.

За сопствениците кои имаат желби нивните миленичиња да стекнат со нови навики, Мартина вели дека честопати се консултираат и со дресери, а овде се и ветеринарите.


Во секој хотел гостите имаат храна, па така и во хотелот „М&M“. Храната за гостите овде е домашно приготвена и се нуди како здрава закуска, која изобилува со витамини и протеини. За гостите алергични на одредени состојки се подготвува специјална храна за време на нивниот престој. Со еден збор, целта е да се чувствуваат како дома.


Заедно со Мартина, во приказната е и Миле, а како асистенти се јавуваат 2 папагали и 4 кучиња. Мартина вели дека таа и Миле се одговорни за гушкањето, галењето и грижата, додадека папагалите се одговорни за музиката и атмосферата, а кучињата за игрите и бркотниците.


Мартина и Миле се големи љубители на животните и активисти за правата на животните. Според нив оваа е главната причината поради која имаат толку многу свои животни. Моментот кога одлучиле да појдат сите заедно на планинарење, сфатиле колку е комплексен целиот процес за луѓето, но и за животните, а тоа ги поттикнало да размислуваат за отворање на ваков хотел.


Нивното искуство и активизмот што го шират низ годините наназад им го олеснил патот кој градење база со клиенти. На почетокот, Мартина вели дека започнале со едно до две животинки на пријатели или познаници и не очекувале дека ваквата тенденција ќе препрасне во нивна постојана и единствена работа.

Доколку сакате да стапите во контакт со домаќините на „М&M“, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.