07.08.2020
Фотографија направена на Бистра: Кампување во шатор со милион ѕвезди
Фотографија направена на Бистра: Кампување во шатор со милион ѕвезди
Запознајте го Марко, а некои наши читатели/патници веќе го познаваат од #insta како @markomons. Човек кој сака да го живее моментот со стил, а по своите фотографии на инстаграм, обожава и да патува. Можеме да забележиме доста објави од патувања надвор од државата, но како што вели тој поради пандемијата од коронавирусот, време беше да се посветиме малку #ДОМА.

Периодот кој измина тој го искористи за кампување со своето друштво на Бистра, за како што вели тој е одлично искуство. Додава дека порај Бистра, секое кампување било каде и со кого е уникатно. Чувството на изолација и слобода кога си на планина сам е неспоредливо со кампувањето во кампови, вели тој.

Ноќта кога ги направил фотографиите коишто ги гледате, била доста мирна и без облаци. Месечината покасно излегла, со тоа што имал идеални услови за фотки од млечниот пат и кометата Neowise која била уште малку видлива.

Тој додава дека апаратот за фотографирање го носи постојано со себе. Ранецот, како што вели тој, го “влече“ во случај ако излезе нешто интересно да може да го овековечи моментот, како што се и фотографиие на Бистра.

Бистра е планински венец во централниот дел од Западна Македонија. Поради богатството со растителен и животински свет, како и пријатната и лековита планинска клима, претставува туристички доста привлечна и атрактивна, пружајќи услови за развој на зимскиот скијачки и летниот стационарен туризам. Издигната е помеѓу Кичевската Котлина на исток и течението на реката Радика од запад. Северната граница ја сочинува басенот на Мавровското Езеро и течението на Мавровска Река а јужниот, изворишниот дел на реката Треска со Ехловечка Река, превојот Јама со Јамска Река, Гарска Река, Мала Река сè до Бошков Мост.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.