24.06.2024

Oрганизираме вински летни дегустации ширум Македонија

Oрганизираме вински летни дегустации ширум Македонија

Во Македонија има многу локални семејни винарии кои произведуваат квалитетно вино и вложуваат сѐ од себе за да создадат квалитетна винска приказна преку која ќе се промовира нашата земја насекаде во светот.


Кајак.мк има мисија преку која сѐ до последниот миг од постоењето ќе направи напори да ја даде сета поддршка на малите семејни винарии кои ја вложуваат сета љубов во производството на квалитетно локално вино. Од ваквите причини, ние отпочнавме со организирање на вински летни дегустации низ разни дворчиња на семејните винарии во Македонија.


Топлите летни ноќи, ѕвезденото небо, добрата локална храна и доброто друштво се причината поради која овие друштвени седенки во приватна атмосфера ни зачестија во изминатиот период.

Фотографиите кои ви ги споделуваме во самото четиво се од нашиот поседен организиран настан во дворчето на прекрасната семејна винарија Јостела, каде вработените од компанијата Сингулар имаа можност да уживаат во една поразлична винска дегустација парирана со вкусна локална храна.

Како платформа која настојува настаните да имаат свој уникатен карактер, среќни сме што компанијата Сингулар ни ја даде можноста да ѝ организираме еден ваков настан, кој имаше дирекна поддршка на винаријата. Ваквите приватни вински вечери може да започнат во 19:00 или 20:00 часот, каде наше е да ви го организираме просторот, а ваше е да го организирате вашето друштво, пријатели или колеги.

Доколку сакате едно вакво поинакво искуство, испратете ни барање со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.