29.03.2023
Цели 20 години ја промовирам македонската домашна кујна преку „Домаќинска куќа“
Цели 20 години ја промовирам македонската домашна кујна преку „Домаќинска куќа“
Глилор
Костујчиновски е нашиот нов локален херој кој цели 20 години ја пишува
приказната на етно ресторанот „Домаќинска Куќа“, место кое е наша нова гастро
препорака за вкусен викенд.
Ресторанот работи
од јануари 2003-та година. Денот кога Глигор одлучува да ја отвори својата кујна
за вистинските гурмани.
Денеска, тој за Кајак.мк вели дека ресторанот поседува и своја винарија со домашно произведено вино, а има и апартмани за ноќевање.

Домаќинска Куќа е позната по многу специјалитети, овде може да го пробате домашниот колбас кој Глигор го припрема секоја зима. За оние кои ќе се одлучат да го посетат ова место, тимот на Кајак.мк ги советува да вкусат домашна пита и проја, витканик, кашаник како и домашното лепче од сопствената фурна на Глигор. Не заборавајте да го пробате домашното вино кој тој му го дал името „Вевчанска крв“, а кое е производство од сопствената винарија- Унифри.

Кога сме кај месните специјалитети, овде може да ги пробате домашните пршути, куленот, панцетата како и домашните сирења, а јаготка на шлагот се специјалитетите кои се печат во фурната на „Домаќинска куќа“. Овде можете да пробате разни ребра во фурна, јаречко, јагнешко и прасечно месо и ред други специјалитети.

Глигор вели дека гостите ја сакаат сета храна која се подготвува во неговата кујна, но и дека сите го обожаваат традиционланото Вевчанско Луканче кое е изработено по рецептот на старите вевчанки, рецепт кој ја заджува старата добра арома од пред 1400 години.

Ресторанот се уште ги служи заборавените стари селски специјалитети кои се подготвуваат од еколошки чиста храна.

Домаќинска Куќа е
лоцирана во близина на познатите Вевчански извори. Нејзината внатрешност е во
традиционален македонски амбиент, што го прави прочуено гастро ќоше во целиот
регион. Самиот спој на дрво и камен, традиционалните предмети и старото огниште
во ресторанот ќе придонесат да ја почувствувате топлината на македонскиот
народ.
Точна локација
како и контакт за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.