03.11.2021
Дишам за добра патувачка фотографија во Македонија
Дишам за добра патувачка фотографија во Македонија
Тимот на Кајак.мк е среќен што денеска запозна уште една млада и амбициозна личност која прави мали нешта од огромно значење во промоција на туризмот во Македонија. Ана Петроска е нашата нова локална хероина која преку својот објектив промовира разни дестинации ширум земјата на кои може да отпатувате макар и на еден викенд.

Живее во Скопје, но среќата и помогнала да патува постојано низ државата. Нејзиниот проект justaphoto.ap (instagram) е создаден да ги брендира аматерските фотографии се со цел да промовира разни уникатни места во Струга.

Ана вели дека една од работите по кои луѓето ја познаваат е секако фотографијата. Очекува во иднина ова да и биде доминантната работа по која ќе биде препознатлива. Во фокус на нејзините фотографии се пејзажите но сака да ја претставува и убавината на градовите.
„На пример, градот Крушево можете да го фотографите од повеќе страни на градот и самата поставеност на куќите и улиците е совршен материјал за добра и популарна фотографија. Езерските пејзажи од Езерски Лозја и Струга се уште една неисрпна инспирација“, вели Ана.

Таа додава дека се што е потребно да се направи една добра фотографија се пристојна камера и почитување на неколку правила за фотографирање. Кога се работи за нејзиното родно место, за Скопје, најчесто фотографира места кои секојдневно ги посетува и се обидува да докаже дека градот има навистина убави места и покрај тоа што не ги забележуваме или им обрнуваме внимание.

Ана е заљубена во маркетингот. За неа социјалните мрежи се одлично место за промоција и треба да се искористи нивната моќ.

За неа Скопје, Струга и Крушево се нејзини најомилени градови за фотографирање. Со овие места таа е емоционално, традиционално и историски поврзана. Затоа доминираат фотографиите од овие места. Но, што е уникатно? За Струга секако е езерото, за Крушево е природата, односно околните шуми и планини, а Скопје е една градска средина која заслужува внимание преку фотографија.
За оние кои се љубопитни за работата на Ана и нејзините фотографии, може да го заследат нејзиниот инста профил: justaphoto.ap
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Ивана и тивката магија на филигранот: приказна за уметност, трпение и уникатност
Откриј ја приказната на Ивана и нејзиниот рачно изработен филигрански накит – уникатни парчиња создадени со љубов, инспирација од природата и лични приказни, каде секој детаљ носи своја уметничка вредност и автентичност.
Први Мај – вистинското значење на Меѓународниот ден на трудот во современото општество
Откријте ја вистинската важност на Први Мај – Меѓународниот ден на трудот. Анализа на неговото историско значење, современите предизвици и зошто овој ден не треба да се сведува само на одмор и традиција.
Ново на Kajak.mk: Везден – Академија за млади готвачи
Едукативна кулинарска академија за деца каде преку интерактивни работилници се учат основи на готвење, тимска работа и здрави навики. Практично учење во безбедна и креативна средина со стручно водство. Резервации достапни и преку Kajak.mk
Уникатни сместувања во Македонија – Необични и автентични престои | Kajak.mk
Откриј уникатни сместувања во Македонија – необични куќи, еко престои и автентични објекти со посебен карактер. Резервирај директно преку Kajak.mk и доживеј нешто различно.
Во Македонија: Нови бунгалови во кои секој би сакал да престојува!
Нови бунгалови во Старо Нагоричане, идеални за викенд бегство!
Реструктурирање на крстарењата 2026 – како геополитиката го менува морскиот туризам
Во 2026 крстаречката индустрија се менува поради геополитички ризици. Нови рути, преместување на флоти и раст на Медитеранот и Карибите ја редефинираат иднината на крстарењата.