16.09.2020
Кога Македонија ќе ти го даде Кожуф, посети го!
Кога Македонија ќе ти го даде Кожуф, посети го!
Од споменатите десетина атрактивни, високи врвови на Кожуф, долж границата со Грција, се протега прекрасен панорамски видик, затоа и Кајак.мк ви го препорачува Кожуф како добра викенд дестинација. Изминатиот период нашиот Марко Џамбазоски ја посети планината. Неговите фотки можете да ги погледнете на инстаграм> @markodzambazoski

@markodzambazoski
Кога е ведро и чисто време, од врвовите се гледа Солунско Поле и дел од Солунскиот Залив. На северните падини под највисоките врвови, има неколку фосилни циркови и валовски долини кои сведочат за постоење на плеистоценска глацијација на овој високопланински предел. Особено јасно се изразени цирковите и валовите во изворишната челенка на Конска Река.
Уште еден уникат на Кожуф е карстот кај селото Хума, во сливот на Конска Река. Истиот уште во почетокот на минатиот век го привлекол вниманието на истражувачите, посебно поради постоење на мало, но типично карстно полце Брце, во кое има периодичен карстен извор.

Климата на Кожуф е многу интересна, бидејќи овде се меша влијанието на медитеранската клима од југ и умерено-континенталната од север. Затоа на самиот планински гребен се јавуваат нагли временски промени, понекогаш за само половина час, така што времето може вистински да изненади.
Околу с.Хума има и периодични карстни извори, но и неколку понори. Непосредно под високите врвови на Кожуф се изворите на повеќе потоци и реки, како што се: Дошница, Бошава, Конска Река, Блаштица итн. Изворот на реката Дошница е под врвот Зелен Брег и со оглед на тоа што до вливот во реката Вардар нема некој поголем извор на загадување, таа е една од најчистите реки кај нас и богата со рибa.

Конска Река пак е карактеристична по огромните наноси на флувиоглацијален материјал (валутоци, блокови) по долинското дно, кои се протегаат речиси до Гевгелија. Во горниот (изворишен) дел, долината е со валовски U-профил, очигледно обликувана со глечерска ерозија. Горните текови на реките се доста стрмни, со бројни брзаци и водопади високи до 20 метри.

Извор: igeografija.mk
Ивица Милевски и Глигорије Џилвиџиев
Коментари
-
Goran Markoski
07.11.2023 12:03
здраво, Како да се стаса до водопадите? може ли некој водич да препорачате 075 46 33 86 поздрав
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.