28.07.2020
Зошто преку лето се препорачува Вевчани?
Зошто преку лето се препорачува Вевчани?
Кога ќе сакате да побегнете од градската бучава и да се одморите од сè, топло ви препорачуваме да го посетите Вевчани. На патот кон Струга. Пред се ќе подзастанеме на плажа во Струга. Оти барем така ќе се озвежиме во текот на денот, а попладневните часови ќе ги искористиме за една свежа прошетка во Вевчани.
| САКАТЕ ЕДНОДНЕВНА ТУРА ВО ВЕВАЧНИ? ТОГАШ ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА СО ЕДЕН КЛИК ОВДЕ! |
Во Вевчани речиси сѐ е во знакот на водата. Во селото има толку многу вода што на момент ќе ве натера да помислите дека сте се нашле во некоја рурална Венеција. Вевчани изобилува со градски шмек и шарм. Денес претставува симбол на независност и протест за одлуките што не соодветстуваат со локалниот интерес на сите здружени сожители. И до ден-денс се прогласуваат себеси за држава во држава.

Кога ќе го посетите Вевчани, мора да поминете и покрај извориштето, познато како Вевчански Извори, кое претставува споменик на природата. Главниот извор е сместен во отвор на пештера. А подолу се наоѓаат неколку постојани извори, кои подземно се спојуваат со главниот.
Во пределот кај изворите направена е посебна пешачка патека, можете да најдете и дрвени клупи и масички. Уживајте во зеленилото и звукот на водата.

По прошетката на изворите, релативно гладни, ние решивме да го посетиме најдобриот ресторан во селото „Кутмичевица“. Што и да пробате немате да погрешите. Ние имаме мени составено од: Вевчанска свежа салата, Кашаник (домашна пита), Комат (домашна пита со сирење), Золеник (домашна пита со пченкарно брашно и праз), Домашно бело овчо сирење, Селска манџа со праз, Вевчанска тава со зеленчук, Вевчански гулаш, Домашен луканец, Домашно лепче и Крем кадаиф.
Нашата еднодневна тура за Струга и Вевчани можете да ја погледнете со еден клик ОВДЕ
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.