14.08.2022
Викендица на Матка во близина на реката Треска
Викендица на Матка во близина на реката Треска
Опколени со
зеленила, прекрасна природа и активности во неа, добро друштво, пиво и
целодневен лаф-муабет. Ова е добитната комбунација за многу патувачи скоро
секој викенд.
Затоа тимот на Кајак.мк настојува повеќето сместувања да ги нудат ваквите комбинации, како би ви обезбедиле уште една опција за викенд скривалиште.

Со ова четиво
нема да ве оведеме далеку, но ќе ви докажеме дека околината на Матка нуди уникатни
сместувачки капацитети кои може да бидат ваш привремен викенд дом.
Денеска во нашата база ја додаваме „Вила Јованов“ која се наоѓа на влезот на викенд населбата Долна Матка, по самата автобуска станица на 40 метри низ капијата.

Ова куќа е
поставена изолирано од другите куќи и се наоѓа во прекрасна природа. Самиот
поглед од куќата е насочен дирекно во планината Водно, а на само 40 метри пред
куќата тече реката Треска до каде може да се сригне од самата куќа.
Домаќинот Иван кој ни ги отвори вратите за светот на Кајак.мк вели дека ова куќа е наменета за викенд посети, но има можност и за подолготраен престој. Идеална е за оние кои работат од дома бидејќи делува смирувачки и има прекрасен двор и амбиент, а за преку зима, вилата има камин кој дава посебна топлина.

Близината на
реката Треска создава постојан шум кој заедно со целокупната природа создава
нестварен амбиент.
Повеќе информации,
фотографии и контакт за резервација, можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Излетничките места – идеална дестинација за викенд бегство во природата
Откриј ги најубавите излетнички места во Македонија – идеални дестинации за викенд прошетки, природа, авантури и мир со kajak.mk.
Вкусови од Македонија: автентично гастрономско патување
Доживејте ги автентичните вкусови на Македонија преку нејзината богата гастрономска традиција. Откријте локална храна, културни приказни и незаборавни искуства.
Како да се одржи автентичноста и квалитетот кога туристите се повеќе доаѓаат
Откријте како Македонија може да го задржи својот автентичен дух и квалитет во време кога бројот на туристи расте секој ден.
Живот на село во Македонија: Мир, природа и автентично искуство
Откријте зошто животот на село нуди мир, чист воздух, здрава храна и блиска заедница. Селото е идеално место за здрав и исполнет живот.
Село или град: каде младите во Македонија го гледаат својот живот?
Село или град – каде младите во Македонија го гледаат својот живот? Анализа на последните пет години, мотиви, трендови и избори на младите, со поглед на урбаната динамика и руралната иднина.
Засадивме 1700 дрвца: За секоја онлајн резервација извршена преку Кајак.мк во изминатиот период
За секоја онлајн резервација и уплта преку Кајак.мк вие донирате по едно дрвце за пошумување во Македонија. Тимот на Кајак.мк на 01.11 засади нови 1700 дрвца во Македонија за најновите 1700 онлајн резервации извршени преку Кајак.мк во изминатиот период.