18.04.2022

Вила во Демир Капија: Природа, активен туризам и гастрономија

Вила во Демир Капија: Природа, активен туризам и гастрономија

Холаааа! Тимот на Кајак.мк е среќен што денеска го споделува со вас првото сместување во Демир Капија. Нашата база се шири доста динамично и како што и ви ветивме, до крајот на годината сакаме да достигнеме и до 400 уникатни сместувања кои можете да ги резервирате со еден клик.


За вилата велиме дека е уникатно сместување, во уникатен регион кој вреди да го истражите. Демир Капија ви звучи мала на име, но голема на локалитети и приказни со кои мора да се запознаете.

Тимот на Кајак.мк како прва предлог дестинација Ви го потенцира село Клисура кое е на околу час пешачење од Демир Капија.


Во село Клисура може да ја посетите локалната црква и долината на кактусите. Атракција каде се прават добри фотографии. Патот до село Клисура е низ прекрасна природа и верувајте дека ќе ги наполните батериите до максимум.


Домаќинката Радица која ги отвори вратите за светот на Кајак.мк, вели дека регионот е идеален за тури со велосипеди, искачување по карпи, алпинизам или нуркање во локалните речни корита на реката Бошава.


Во Демир Капија се наоѓаат и две прекрасни винарии. Наш предлог е да ја посетите винаријата Queen Maria, винарија која има прекрасна приказна, прекрасни објекти со стара и автентична архитектура и секако прекрасно вино.

Доколку сакате повеќе информации за вилата, фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.