16.08.2022

Вила Пере во село Старо Лагово: Зелен двор за организирање разни активности

Вила Пере во село Старо Лагово: Зелен двор за организирање разни активности

Со растењето на Кајак.мк, расте и трендот кај македонската популација да организираат настани под отворено небо, во селски средини на пространи зелени дворчиња каде ќе може да ја чувствуваат приватноста и комфорот кој го нуди просторот. Денеска во нашата база додаваме уште една вила која во моментов е идеална за изнајмување за организирање разни настани на отворено, а наскоро ќе биде достапна и за ноќевање.


Вилата Пере се наоѓа во село Старо Лагово, на само 7 километри јужно од Прилеп. До вилата се стигнува по асфалтен пат кој води кон познатото Мариово. Ова село брои околу 20-тина жители кои претежно се занимаваат со земјоделие и сточарство, како и одгледување на познатото жолто злато - тутунот.


Вилата е лесно е достапна, скршнувајќи само неколку километри од регионалниот пат Битола - Скопје.


Лоцирана на влезот на селото и се наоѓа во близина на училиштето во кое учат деца од неколкуте околни села: Ново Лагово, Волково, Чумово и Беровци. Просторот има прекрасен поглед кон Селечка Планина и врвот Висока, кој е висок 1471 метри, а во околината на Вила Пере се одржуваат мото-крос настани, кои се вистинско доживување за гостите кои доаѓаат од странство.

Како што споменавме во моментов „Вила Пере“ е достапна за организирање на разни фамилијарни, колегијални и забавни настани, а во блиска иднина ќе биде достапна и за ноќевање.

Повеќе информации и контакт за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.