08.11.2023
Нашата винска куќа во Струга има автентична приказна
Нашата винска куќа во Струга има автентична приказна
Шетајќи се низ старата струшка чаршија, тимот на Кајак.мк наиде на еден доста уникатен објект кој останал да му другарува на минатото. Надворешната уникатност на објектот не примами да ја истражиме внатрешноста и дознаеме со каква приказна се “соочува“ домаќинот.

Главната влезна врата на објектот е доста уникатна, а внатрешното приземје нуди топол пречек на гостите. Со самото влегување во куќата ќе се соочите со микс од разни мизири кои се шират од сите страни. Објектот има повеќе простории за дружење. На самиот влез на куќата го запознавме Цветко, домаќинот кој ни ја раскажа приказната за винската куќа која и дава пулс на струшката чаршија.

Цветко нѐ запозна со самиот објект и ни ја раскажа приказната за која се надеваме дека ќе имате прилика да ја доживеете на лице место.

Денес, старата автентична винска куќа во Струга има задача да го промовира македонското вино од малите семејни винарии. Цветко вели дека како љубител и производител на добро вино одлучил да создаде место каде вљубениците на виното ќе може да уживаат во амбиент кој е во склад со виното. Па од тие причини тој започнува соработка со повеќе мали семејни винарии, а покрај останатите нуди и сопствено домашно вино произведено под на струшкото поднебје.

Овде можете да најдете широка палета на вина и ракии, алкохолни и безалкохолни пијалоци, разно висококвалитно сирење и кашкавал од италијански производители, како и гурмански пршути и салами.

Работното време
на винската куќа во Струга е секој ден од 14:00 до 24:00 часот, а повеќе информации за контакт телефон и локација можете да најдете
во нашата база на гастрономија или со еден клик ОВДЕ.
Коментари
-
Ivana Naumoski
04.01.2024 15:27
Sretno,Uvek su Avramovski braća bili drugačiji ,vredni posebni.. Detinjstvo i letovanje provela sam sa njima,Srećno i berićetno!!!pozdrav iz Beograda...
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.