10.03.2021

Во Мариово се наоѓа една од најдобрите етно куќи која може да ја резервирате

Во Мариово се наоѓа една од најдобрите етно куќи која може да ја резервирате

Започнавме со препораки за пролетни патувања. За помалку од еден месец повеќето од вас ќе барате места каде би сакале да прошетате и тоа да биде во природа и на топло сонце. За да го оправдиме фактот дека „на Кајак.мк“ има се што ви треба, додадовме уште една етно-куќа која се наоѓа во Мариово.


Етно куќата „Благибог“ која се наоѓа во селото Дуње, Мариовско. Сопствениците на објектот велат дека ова е идеална прилика да се почуствува традиционалниот живот на регионот.  Чистиот воздух и прекрасната локација се предлостите на Мариово.

Ова етно куќа има своја градина и огромен балкон на кој може да појадувате. Исто така има заедничка кујна, а куќата поседува и скара за користење. Собите имаат заедничка бања. 

За оние коишто се заинтересирани, еве збор два повеќе за Дуње.


Ова село се наоѓа во северниот дел од областа Мариово, од левата страна на Црна Река во пределот познат како Мало Мариово. Поточно, Дуње е сместено во прилепскиот дел на Мариово на еден прилично простран зарамнет дел од висорамнина која како благо се издигнува како последниот отсек и подножје на Дрен Планина, од десната страна на малите поврзани потоци Дуњска и Лисичка Река. Дуње е ридско село расположено на надморска височина од 690 метри. Од градот Прилеп селото Дуње е одалечено 29 километри, и е поврзaно директно со асфалтен пат кој се исклучува од левата страна на главниот регионален пат од Прилеп за Витолиште.

Доколку сакате да прочитате повеќе информации за вилата, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Борис Попев Popev

    12.03.2022 06:26

    Телефон за контакт

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.