15.12.2022
Изработувам дрвца од жица со полудраги камења и монистри
Изработувам дрвца од жица со полудраги камења и монистри
Бакалницата на Кајак.мк
од каде можете да купите разни подароци за ноговодишните празници се
надополнува со уште една тезга. Ја отвораме тезгата на Маја, жената која вредно
изработува дрвца од жица со полудраги камења и монистри.
За они кои сакаат да ги нарачат и купат рачно изработените украси, може истите тие да ги погледнат со еден клик ОВДЕ.

Маја за себе вели
дека е искрена и вредна личност. Нејзиното секојдневие е исполнето со семејни
и работни обврски. Како и секоја мајка, отсекогаш сакала да се занимава со некое интересно хоби, нешто што ќе ја растерети од секојдневните
обврски и ќе и го исполни денот со позитивна енергија. Долго
размислувала што е тоа што
може да го работи и како да
ја искористи имагинацијата за да создаде што уникатно.
Онаа кое најмногу ја привлекло внимание е изработувањето дрвца од жица со кристали и монистри. Дрвото како симбол на Маја и значи многу, затоа што е симбол за преродба, позитивна енергија, нови почетоци, личен развој, уникатност и индивидуална убавина. Сето оваа, одлично се надополнува ако на дрвото му се додадат кристали како негови листови. Во источните култури, дрвото со кристали е еден од најчесто употребуваните декорации во внатрешниот простор поради позитивната енергија со која го исполнуваат просторот. Се верува дека дрвото со кристали привлекува богатство, го подобрува семејниот живот, креативноста, благосостојбата, здравјето и љубовта.

Дрвцата започнала
да ги изработува пред помалку од две години. Причината поради која не престалана да ги изработува се позитивните коментари за изработките и за идејата. Почнале да пристигнуваат
нарачки, а тоа ја поттикнало да размислува позитивно.
За да се изработи едно дрвце, потребни се најмалку два до три дена. Се започнува со избор на полудрагите камења, боја на жица која би била соодветна на бојата на камчињата. Потоа следува оформување на гранките со камчињата, па оформување на стеблото и на крај се заржува со корењата. Дрвото го поставува на камен или во стаклен сад, во зависност на барањата на клиентите. Потоа ги пакува во украсна кутија и дрвцето е спремно за подарок.

Ја прашавме за тоа
што најчесто бараат клиентите, Маја ни одговори дека тоа се разни дрвца со
различни кристали според хороскопските знаци или според метафизичките својства на кристалите.
Најбараните кристали се горски кристал, аметист, розе кварц, карнелијан,
цитрин, зелен авантурин, итн. Според метафизичките својства, се бараат
комбинации од кристали кои носат љубов, среќа, изобилство, заштита, мир, спокој
и здравје.
Доколку сакате да
ги нарачате производите на Маја, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.