11.03.2022
Викендица со базен на Марков манастир
Викендица со базен на Марков манастир
Во базата на Кајак.мк додаваме уште една вила која се наоѓа на Марков манастир. Домаќините на викендицата Лидија велат дека гостите најчесто бараат опција за изнајмување на дворот на вилата со базен за организирање на семејни свечености, но има и такви патувачи кои сакаат да ја изнајмат вилата на неколку дена за одмор или он-лајн работа.

Вила Лидија е идеално место за вас и вашата фамилија, вашите пријатели или друштво доколку барате место каде ќе можете да побегнете од градскиот метеж и бучава, а сепак да не сте многу далеку од градот. Одалечена е 18 километри од Скопје и нуди одлично место за одмор и рекреација, чист воздух, мир и тишина, место каде ќе можете да се разладите во базенот, да направите скара во фурната, испиете пијачка на шанкот во дворот.
Во самиот двор на викендицата се наоѓа детско катче и лулашки на кои може да се забавуваат вашите деца додека вие го пиете кафето.

Регионот каде што се наоѓа викендицата е познат како излетничко место за скопјани. За оние кои не слушнале за овој манастир. Марков манастир е православен манастир кој се наоѓа јужно од селото Маркова Сушица, по долината на Маркова Река на нејзиниот лев брег, на 20 км од Скопје. Манстирот е активен и во денешно време, а во него суштествува женско монашко сестринство. Во самиот манастир се наоѓа црквата Св. Димитрија и импозантната камбанарија.

Фото: Bijonse на Wikipedia
Ова е уште еден одличен предлог од тимот на Кајак.мк за пролетно бегство во природа зарем не? Од внатрешноста на вилата ќе добиеме фотографии наскоро, но доколку ве интересира за капацитетот, цената и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.
Коментари
-
Angela Jovanovska
29.06.2025 19:44
Zdravo, dali e slobodno za 2 nokjevanja 4 i 5 juli za 4 luca?
-
Ирена Петровска
12.03.2022 13:58
Колкава е цената за еден ден, една ноќ?
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.