18.08.2021
Флексибилен престој во Неа Флогита
Флексибилен престој во Неа Флогита
Со отварањето на границите, започна да се проширува
и базата на Кајак.мк со приватни флексибилни сместувања во Грција и Црна Гора.
Од денеска како дел од нашата база се „Infinity Apartment“ кои се наоѓаат во Неа Флогита на 50 метри од морето.

Во околината на апартманот се наоѓаат најпознатите плажи во Флогита како за млади со забави, коктели и вкусна храна (Pastazi) така и за фамилии со мали деца (Razmataz) каде водата е плитка на првите 7-10 метри и децата безгрижно би можеле да играт. Позади уличката каде што се наоѓа апартманот има супермаркети и месара која приготвува печено месо (пилешко, секаков вид на скара и сл.). А навечер тука се и рестораните со вкусна морска храна.

Апартманот е совршен за две фамилии секоја со 1-2 мали деца, каде комотно би уживале во секое катче, кое е дизајнирано со многу љубов и колорит кој е инспириран од морето и летото. Флогита е мирно место каде би можеле да поминате прекрасни моменти со вашите најблиски, како со возење на велосипед на улиците покрај морето, на убавите песочни плажи во текот на денот, така и во луна парковите за деца и ресторанчиња со вкусна морска храна.

Сместувањето се наоѓа во една избалансирана
средина (улица) која не е веднаш во првиот ред каде навечер има најголема
фреквентност, ниту пак во најмирните улици на крајот, туку токму на вториот ред
каде се е блиску а сепак далеку од врева за мирен сон во текот на ноќта.
Флогита се наоѓа на почетокот на првиот крак и
препорачливи блиски места се градчето Афитос кое топло го препорачуваме и се
издвојува со својата уникатна и автентична архитектура, како и Калитеа за младите.
Доколку сакате повеќе инфо за сместувањето,
контакт за резервации и цена, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Зимскиот крај на сезона: 5 незаборавни викенд идеи за март низ Македонија
Планирате викенд во март? Откријте идеи за кратки патувања низ Македонија, уживајте во природа, локални вкусови и автентични места, и резервирајте лесно преку Kajak.mk.
Идеи за викенд патување во Македонија: Откријте уникатни сместувања и резервирајте преку Kajak.mk
Барате идеја за викенд во Македонија? На Kajak.mk откријте уникатни сместувања, планински вили, куќи во природа и апартмани покрај езеро. Резервирајте го вашиот следен викенд одмор лесно и брзо.
5 скриени села во Македонија каде времето застанало
Откријте 5 скриени села во Македонија каде времето застанало. Вруток, Јанче, Лазарополе, Зрзе и Богомила нудат мир, автентична атмосфера и неверојатна природна убавина – идеално за викенд одмор.
Семејство од Берово со години создава природни „лекови“ од даровите на Малешевијата
Семејство од Берово со години создава природни „лекови“ од даровите на Малешевијата
7 магични полиња и насади во Македонија кои изгледаат како разгледница
Откријте 7 магични полиња и насади во Македонија – од праски во Росоман до лозја во Тиквешија. Совршени сцени за фотографии, прошетки и незаборавни моменти во природа.
10 скриени места во Македонија што вреди да ги посетите
Откријте 10 скриени и необични места во Македонија – пештери, водопади, етнолошки музеи и археолошки локалитети што малкумина ги посетуваат. Идеално за авантуристи и љубители на природата.