02.08.2022
Гастрономско искуство во село Пишица
Гастрономско искуство во село Пишица
За многумина од вас се уште е непознато селото Пишица, па оттука тимот на Кајак.мк ќе се потруди да Ви ја долови главната причина поради која треба да го посетите ова село.

Пишица се наоѓа во Злетовско-пробиштипскиот регион или во
крајниот јужен дел на градот Пробиштип. Пишица е македонско-влашко село, сместено
источно од падините на планината Манговица, и се наоѓа на надморска височина од 320 метри.
Денеска во Пишица може да се посети новата гастрономска дестинација „Амбиент“ која е отворена на 21-ви декември минатата година, а која од денеска е дел од нашата база на „Гастромонија“.

Угостителскиот
објект има прекрасни езерца низ кое можете да се забележи богат животински
свет. Она кое можеби го прави уникатно ова место е фактот дека гостите може да
го набљудуваат процесот на подготовка на нивната храна од маса.
Ресторанот е
познат по свежата риба, пространиот двор со зеленило низ кој дефелираат пауни и
три езерца во кој домуваат лебеди и разни водни птици.
Доколку одлучите
да го посетите ресторанот, не заборавајте да вкусите локален специјалитет под
сач и пастмајка од фурна на дрва.
Контакт за
резервација ќе најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.