31.03.2023

Во Македонија се наоѓа една од најавтентичните етно вили во која треба да престојувате

Во Македонија се наоѓа една од најавтентичните етно вили во која треба да престојувате

Ако на платформата на Кајак.мк има вили во кои можете да престојувате, оваа етно вила ќе ја извдовиме како сместување во кое мора задолжително да престојувате во текот на пролетта и летото.


Уникатноста на самата вила ќе ви даде до знаење колку е Македонија богата со историја и култура. Сместувањето ќе придонесе да го почувствувате македонскиот мелос и спокој кој го нудат македонските села.


Етно вилата Димитрија се наоѓа во познатото филмско село Зовиќ, во Мариово. Нејзиниот ентериер и надворешен изглед ќе придонесат да заборавите на стресот и грижите и да се препуштите на моментот кој за многу од гостите кои престојувале овде значи „ИСТОРИЈА“.


Домаќините кои ни ги отворија вратите за светот на Кајак.мк велат дека самиот престој во вилата има ефект како да сте на планина или море со месеци. Ентериерот е терапија сама по себе, деталите на собите поттикнуваат комфор, а уживањето во дворчето на вилата е спокој.


Во самото дворче на вилата имате фурна во која можете да приготвувате разни локални специјалитети, а во село Зовиќ можете да најдетемногу локални намирници за вкусен ручек.


Селото е идеално за возење велосипеди, затоа доколку имате велосипед не размислувајте дали да го понесете со вас!

Како јаготка на шлагот е фактот дека домаќините дозволуваат влез на домашни миленици, со што можеме да ви гарантираме дека ќе имате еден уникатен викенд исполнет со многу среќни моменти.

Повеќе информации, фотографии и контакт за резервација на вилата можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.