15.10.2020

Луксузни апартмани „Саат Кула“ во Битола

Луксузни апартмани „Саат Кула“ во Битола

Со доаѓањето на зимата, Кајак.мк се повеќе ве влече во градовите каде има што да се прави. Патуваме во Битола. Градот на конзулите, кафе шемата и градот во кој живеат луѓе со стил. Телефон за резервации: 070 373 707

Во Битола исто така се наоѓаат и апартманите „Саат Кула“ кои се во самиот центар на градот, непосредно до истоимениот објект.

„Саат Кула“ апартманите располагаат со два апартмани. Едниот апартман е за две лица, во кој има една сплана соба и купатило со туш кабина и поглед кон градот.

Вториот апартман е за три лица со можност за помошен кревет за четврто лице. Апартманот има исто така купатило со туш кабина и балкон.  

Апартманите располагаат со 24/7 топла вода, интернет и приватен бесплатен паркинг за гостите.

Постои можност за доручек во ресторан кој се наоѓа на 20 метри од сместувањето. 

Телефон за резервации: 070 373 707

Што би правиле во Битола?

Посетете ја Хераклеа Линкестис
Хераклеја Линкестис — градска населба од старомакедонско време до средниот век. Основана е кон средината на IV век пред н.е. од страна на кралот Филип II Македонски, како важен стратегиски пункт. Остатоците од материјалната култура од старомакедонската фаза на животот археолошки не се доволно истражени.

Посетете го националниот парк „Пелистер“

Националниот Парк „Пелистер“ изобилува со разни видови релјефни облици кои се формирани низ долготрајни и мошне сложени природни процеси. Растителниот свет на Пелистер е мошне разнообразен, па оттаму и неговото специфично ботаничко значење. Тука растат 88 дрвни видови. Од шумските дрвни видови најголема вредност има моликата - автохтон вид на петтоигличест бор со терцијарна старост којшто расте само на неколку планини на Балканскиот Полуостров. Висинската амплитуда на распространувањето на моликата на Пелистер е од 600 до над 2.200 метри.

Саат Кула
Саат Кула е приказната за 60.000 те илјади јајца кои турската власт ги собрала од населението за да бидат искористени за нејзината изградба, за да биде поцврста и поотпорна.Звукот на ѕвоната, музиката, се разлева низ просторот, низ малиот парк исполнет со убавина. Замислете се будите со неговите звуци престојувајќи во апартманот?

Информации и резервации на: 070 373 707

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

The Dude Specialty Coffee Skopje – #30 во Европа меѓу најдобрите кафулиња 2026

The Dude Specialty Coffee Skopje се рангира на #30 во Европа и меѓу 100-те најдобри во светот за 2026, потврдувајќи ја растечката specialty coffee сцена во Македонија.

5 работи што туристите ги снимаат во Македонија, а локалците често ги игнорираат

Откријте што најчесто снимаат туристите во Македонија – сцени и моменти од секојдневието што локалците често ги занемаруваат, а посетителите ги доживуваат како автентична вредност.

Колку навистина чини еден викенд во Македонија?

Реална анализа на трошоците за викенд патување во Македонија – сместување, пат, храна и активности. Колку треба да издвоите за кратко бегство од градот денес?

Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава

Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава.

Топлотен бран во Европа: Како екстремните температури влијаат на летниот туризам во 2026

Екстремен топлотен бран со температури над 40°C ја зафаќа Европа. Дознај како жештините влијаат на туристичките патувања, дестинации и летниот туризам во 2026.

Неделно Откритие од Македонија: Бабуна Пешти – скриен кањон кај Велес

Откриј ја Бабуна Пешти кај Велес, тесен кањон со варовнички карпи, природни пештери и недопрена речна природа, идеален за љубители на авантура и мир.