31.08.2022
Предлог викенд дестинацијa: Бунгалови во Пешна кои може да си ги дозволи секој
Предлог викенд дестинацијa: Бунгалови во Пешна кои може да си ги дозволи секој
Дел од вас со сигурност го имаат истражувано регионот на Македонски Брод, а за останатите кои се уште го немаат стапнато овде, тимот на Кајак.мк ви предложува да го посетите мотелот и ресторан Пешна кој од денеска е дел од базата на Кајак.мк, а за кое сместување можете да најдете повеќе информации со еден клик ОВДЕ.

Мотелот и ресторан Пешна се наоѓа во непосредна близина на градот Македонски Брод од кој е одалечен само 7 километри,од Скопје 70 км преку националниот парк Јасен, од Кичево 33км, од Прилеп 38км и се протега на површина од 8000 м2.
Ова викенд дестинација им ја препорачуваме на љубителите на свежата риба и специјалитетите од риба, но има и многу други специјалитети кои можете да ги пробате.

Сигурно ви е добро познат називот „Пешна“, а тоа е и атракцијата која треба да ја посетите доколку дојдете овде. Пешна е најголемата пештера на Балканот, која е одалечена само 700 метри од мотелот. Но кога веќе доаѓате во овој крај, треба да знаете дека на 500 метри западно преку реката Треска се наоѓаат кулите во кои живеела сестрата на Крали Марко, а кои ѕидини денеска кријат застрашувачки средновековни тајни.

Покрај наведените
атракции кои мора да ги посетите, треба да знаете дека во непосредна близина на
ресторанот тече реката Понорица од која извира и тече солена вода.
Мотелот има свои
бунгалови, а и свој главен објект. Цените за престојување се доста ниски и може
да ги дозволи секој истражувач.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.