02.04.2020

COVID-19 ја уништи нашата свадба на брод на Босфор во Истанбул

COVID-19 ја уништи нашата свадба на брод на Босфор во Истанбул

Гулмира и Стефан: Љубов во време на карантин! Четири часа. Толку време и било потребно на Гулмира Мирзакмат да се подговтви за првиот опуштен состанок со Стивен Лијо. Двојката, која се запознала во Киргистан, случајно се сретнала додека Гулмира шетала низ Истанбул, а Стивен водел група туристи“. При нивното повторно видување, тој веднаш ја покалнил на вечера, истата таа ноќ, а со тоа им започнала нивната љубовна врска. 

„Ја водев целата тура со брзање, но тоа туристите не го забележаа“, раскажува Стивен преку смеа, „Се брзав за да завршам со обврските, се со цел да можам да најдам место и да се подготвам психички за ноќта“. 

Среќа што тој пронашол добар ресторан на улицата Истиклал, место кое имало мала масичка со свеќи на тесен балкон. „Тоа беше навистина романтична ноќ и да сакав немаше да ја испланирам подобро ноќта“, додава тој.

После долго време, заљубената двојка се решава да се врати назад во Истанбул и овде да ја организира нивната венчавка, а сето тоа да биде на крстарење на брод на Босфор. 


Gulmira and Stephen had planned to get married on a boat whilst it cruised along the Bosphorus © Roberto A Sanchez/Getty Images

Им било потребно многу време за да го организираат сето ова. Стивен добро го познавал Истанбул. па со пријателите услеал да најде традиционална киргистанска музика и играорци коишто ќе ги забавуваат гостите од Киргистан. Гулмира била добра во учењето на танците, но и сите останати обврски околу свадбата. 

Тие ги договориле и нивните блиски семејства да престојуваат со нив во Истанбул во текот на цела седмица, додека нивните пријатели само на викенд. Стивен, кој по потекло е од САД, претходно им подготвил програма со неколку прошетки низ градот, а што е доста интересно, многумина од нивните членови од фамилијата за првпат извадиле пасоши.

На само 10 дена пред да се оддржи церемонијата, нивниот пријател Бил, стапил во контакт со двојката и ги известил дека не може да присуствува на свадбата. Тој претходно имал проблеми со дишењето, а нив ги известил дека не е добра идеата да биде присутен помеѓу луѓето. Исто така и пријател на Гулмира ја известил преку електронска пошта дека не било паметно да присуствува таму. 

Стивен кој во тој момент бил во Турција, а Гулмира во Бишкек, кој е главен град на Киргистан, долго време воделе дискусија преку апликацијата WhatsApp за тоа што да прават во врска со овој настан. Истата ноќ, додека тие зборувале, СЗО прогласува пандемија на COVID-19, а парот бил принуден да ја откаже свадбата. 

„Бев навистина тажна затоа што долго време го чекав овој голем ден“, вели Гулмира. „Но, кога дознав дека СЗО прогласи пандемија, сватив дека е за наше добро и за доброто на сите мои блиски да не патуваат. Стивен, седеше сам во хотелска соба во Истанбул и не знаеше што да каже“.


Gulmira and Stephen had planned to show their family the famous Istanbul sights like the Hagia Sophia mosque © DANNY HU / Getty Images

Нивната свадба се организирала на многу поразличен начин, но најважно од се е тоа што тие стапија во брак. 

„Се допишувавме со пораки велејќи: Сега да беше се како што треба во овој момент ќе крстаревме со нашите сакани“, додаваат тие. Интересно е тоа што додека тие се допишувале Гулмира била во нивниот стан во Норуз, додека Стивен бил сместен во каранин во напуштена воена база во близина на аеродромот во Бишкек во Киргистан. 


Alba Díaz and Daniel Camino celebrate of their wedding – one that took place through their window © Alba Díaz / @frida_kiwi Instagram

„Ако размислуваме разумно, ние на некој начин имавме меден месец пред нашата свадба“. „Во Киргистан првата недела од јануари е национален празник, па ние отпатуваме во Занзибар, Сејшели и Катар. Немавме многу време да ги истражиме Сејшелите кои ни станаа омилено место- па затоа би сакале да се вратиме повторно“, додава таа.

Додека го спроведувале интервјуто, Стивен бил веќе во нивниот заеднични апартман, но бил самоизолиран. Тие се уште не одлучиле дали ќе ја релазираат нивната посакувана церемонија на брод на Босфор, но како што знаат од нивниот прв состанок, подоцна е многу подобро отколку никогаш.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.