27.12.2020

Го напуштив Скопје за да отворам моја фарма во Преспа

Го напуштив Скопје за да отворам моја фарма во Преспа

Последните денови од 2020-та година ги заокружуваме со четивата кои најмногу се пребаруваа на Кајак.мк

Текст објавен во месец септември:

Еко туристичкиот сервер Кајак.мк денеска ве запознава со Ана, жена информатичар, со завршен IT факултет, а која се решава животот да го посвети во развојот на агротуризмот и производството на нешто што и доколува на нашата земја- овошни насади.

Ана својата приказна за првпат ја раскажува на Кајак.мк, а благодарение на нејзината инспиративна приказна, нашиот тим смета дека идејата за развој на агротуризмот во државата ќе допре и до многу други млади лица кои се уште се бараат себе си и својата професија. 

Ана живееше во Скопје цели 17 години се до моментот кога се решава да се врати во Преспа и да го реализира својот сон наречен „Spirit of Prespa“.

Љубовта кон Преспа и желбата да се промовира регионот, придонеле за создавањето на брендот „Spirit of Prespa“. Постои во семејството повеќе од 60 години, а тие се петта генерација сопственици.

Бавчата во која има засадено овошни насади е 5 хектари, каде гостите имаат можност да се запознаат со одгледување на јаболка, црешите и сливите и да купат производи од нивната домашна продавница, која е снабдена со продукти од неколку семејства од Преспа.

„Во 2017 сфатиле дека на фармата и е потребна диверзификација за да може да биде оддржлива. Направиле истражување и следејќи ги трендовите во Америка и Европа, се одлучија да се ориентираат кон агро-туризам.

Започнале да прават настани од типот pick-your-own-fruit во 2018. Во текот на Октомври посетителите ќе може да учествуваат на Јаболкоберот при што ќе добијат брендирани тоте торби за јаболка по свој вкус.

Во моментот како што вели Ана немаат телефонски број за контакт, но како што додава, заинтерсираните може да ги контактираат на нивната страница „Spirit of Prespa“.

Нивата продавница е лоцирана во Царев Двор — село во Општина Ресен, во областа Горна Преспа, во околината на градот Ресен.Царев Двор на околу пет километри северно од брегот на Големото Преспанско Езеро, на раскрсницата на патот Битола-Корча и Ресен-Езерани, во јужниот дел на Ресенското Поле. Низ атарот на селото тече Болшница (Болска Река), чиј водотек во летниот период значително се намалува или целосно пресушува.


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.