22.04.2021

Вила во Берово каде имате бесплатна дегустација на шумски плодови

Вила во Берово каде имате бесплатна дегустација на шумски плодови

Кога станува збор за места опколени со зеленило, природни шумски плодови, чист воздух кој ние го сметаме за природно богатство, нашиот тим има инспирација да пишува со денови.


Денeска во базата на Кајак.мк додаваме вила која се наоѓа во Берово во која може да дегустирате здрави и органски мармалади, сокови, слатко и компоти од шумски плодови. Природата нуди толку многу шумски плодови што домаќините произведуваат здрави продукти од нив. Овие производи кои гостите ги имаат на располагање за дегустација се одобрени од Институтот за јавно здравје на Македонија.

Не е залудно кажано дека ако појдете во Берово се што може да се прави таму е здраво само по себе. 


Најголемата предност за престојување во Берово е чистиот воздух. Мора да истакнеме дека Берово е град со најголема концентрација на кислород на Балканот, бидејќи над езерото поминува еден од четирите коридори со збогатено количество на кислород кои се среќаваат во светот, а ги има во Перу, Аљаска, Северна Индија. Овие коридори овозможуваат идеални услови за воздушна бања.

На многумина од нас ни е веќе доста познато дека Берово е познато и по сирењето, а во комбинација со беровскиот компир, мора да се согласите дека се неодолива комбинација.


Па доколку престојувате во Берово, жално би било да не понесете  канче сирење и неколку килограми компир дома.

Овој град е идеален за активен туризам. Доколку сте љубители на пешачење, може да прошетате пеш низ градот, да го посетите паркот и да појдете до реката Брегалница. Но дефинитивно мора да појдете до Беровското езеро. Особено за љубителите на велосипедизмот, овој регион Ви нуди одлична можност да направите обрт на вашата километража. Куќата Амика која од денеска е дел од нашата база располага и со затворен простор каде може да ги оставате вашите велосипеди на безбедно.


За оние пак кои не се велосипедисти, има можност за релаксирана прошетка околу Езерото.  За луѓето кои бараат мир и тишина, тогаш овде имате одлични можности за јога и медитација. Природа, чист воздух и далеку од градскиот метеж. 

На крајот од градот се наоѓа манастирот Св. Архангел и Михаил познат по историјата и рачно изработените мозаици кои се направени од монахињите во манастирот.

На ридот над градот се наоѓа местото „Јуовец“ од каде има ќе имате прекрасен видик. На 5 километри од куќата Амика, се наоѓа туристичка викенд населба Абланица која изобилува со густа шума.


Според нас, не би биле во Берово доколу не го искористите активно слободното време. Тимот на Кајак.мк препорачува да посетите што е можно повеќе локации ширум регионот кои изобилуваат со фантастична природа.

Наш совет е да го посетите бачилото „Клепало“ кое е на само 10 километри од езерото. Овде, во договор со домаќините, може да го вкусите најпознатото овчо сирење. Дел од патот од околу 500 метри треба да се помине пеш или пак со теренско возило бидејќи станува збор за стрмен земјен и нерамен пат.


Кога веќе престојувате во Берово, одвојте неколку часа од денот да појдете и до Пехчево. Многумина од вас веќе долго време не прашуваат за водопадите на Равна Река. Овие водопади се наоѓаат на 20 километри од куќата Амика, а патот до кај нив е вистинска атракција од природата.

Вилата има зелен двор каде можете да се релаксирате и да ја искористите лулашката за попладневна кратка дремка.

Доколку сте со деца, дефинитивно ќе ви биде забавно. Комбинацијата од звуците на природата и чистиот воздух вашиот престој го прават совршен.  Повеќе информации за сместувањето ќе најдете со еден клик ОВДЕ

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Христина: „Јогата ме подготви, но планината ме разбуди“

„Јогата ме подготви, но планината ме разбуди“ – Христина ни ја раскажува својата моќна приказна за трансформацијата, внатрешниот мир и зошто вистинската слобода се наоѓа само во движењето низ природата.

Secret Santa со срце: Поддржете локални производители оваа зима

Откријте како Secret Santa подароците можат да бидат уникатни и со душа – рачно изработен сапун, мед, свеќи, домашна ракија и други локални производи кои ги израдуваат и поддржуваат креативците.

Пониква го доби најуникатното сместување досега!

Дрвена планинска куќична на Пониква. Ново место за уникатно засолниште преку Кајак.мк

Зимски активности во Македонија

Откриј зимски активности во Македонија – прошетки, санкање, локална храна и одмор во природа. Погледни ја понудата на kajak.mk.

Резервации во последен момент за Нова година: скриени места што сè уште вреди да се откријат во Македонија

Барате новогодишно сместување во последен момент? Откријте мирни планински куќи, рурални домаќинства и автентични локации во Македонија што нудат вистинска новогодишна атмосфера и флексибилни резервации.

Ги возиме со трактор, собираат плодови од бавча и подготвуваат специјалитети: Вака странските туристи го доживуваат село Габрово

Запознајте го селското домаќинство Костадинови од Габрово, каде гостите учествуваат во подготовка на домашна храна, дегустација на органски производи и автентични селски активности. Искусете мириси, вкусови и традиција во срцето на Беласица.