22.09.2020
Најстарата винарија на Балканот се наоѓа во Демир Капија
Најстарата винарија на Балканот се наоѓа во Демир Капија
Доаѓа период на виното и есенската хармонија. Кога есента ќе почне да ги покажува своите заби секој патник би посакал да посети нешто што е уникатно за овој период од годината. Предлог на туристичкиот сервер Кајак.мк е винаријата во Демир Капија. „Royal Winery Queen“, Таа е најстарата винарија на Балканот. Ова е наш предлог за викенд патување.

Кралска винарија изградена од кралот Александар Караѓорѓевиќ во 1928 година, по препорака на врвни француски енолози кои го советувале кралот во тоа време за да изграфи винарија во регионот на Тиквеш, со тоа што тој се одлучува таа да биде подигната во Демир Капија. Но по катастрофалниот земјотрес кој го зафаќа целиот регион ова винарија добива своја „лекарска помош“ во 1934 година кога доаѓа кралицата Марија.

Првобитно на имотот не е предвидена семејна вила, но по инсистирање на кралицата Марија во рамките на имотот започнало да се гради и вила. Вилата отпочнала со градба во 1931 година, а како подарок за вилата, работилницата за керамички производи од Вршац, Србија, подариле две кариатиди со висина од 2,80м. Кариатидите во 1941 година од страна на управникот на имотот биле закопани заради заштита од девастирање и грабеж. Во 60-тите години при длабоко орање истите се пронајдени и поставени пред влезот во вилата. Кралскиот имот е пуштен во употреба 1931 година кога биле удрени темелите на црквата св.Богородица. Имотот ја опфаќал винарската визба со пратечките објекти, а на оддалеченост од 2км била изградена ергела за коњи липицанери.

Во 2001 година на предлог на г-дин. Звонимир Будимировиќ, советник на градоначалник за култура и културно наследство, советот на општината донел одлука имотот да се стави под заштита на Р.Македонија. Денес претставува една од најатрактивните понуди за винскиот туризам во општина Демир Капија и Македонија.

Овој предел е особено важен за Македонија поради огромното поизводство и преработка на грозјето.
Денеска ова винарија е една од најдобрите во државата. Порај дегустација на квалитетното вино, таа нуди можност и за ноќевање во одличен кралски амбиент.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.