10.08.2020

Во Македонија постои место каде може да побегнете од секојдневието

Во Македонија постои место каде може да побегнете од секојдневието

За сите љубители на планината и планинските спортови, Кајак.мк им ја препорачува „ Mountain Hut Carevec / Царевец Планинарски Дом

Овој #cool објект се наоѓа во националниот парк Маврово, а како што велат сопствениците, лесно се наоѓа! А како? Секако со Google Maps. Објектот располага со 15 легла, од кои 12 во „дормитори“, три во приватно студио, а може да се постават бесконечен број на шатори. 


Кајак.мк со задоволство ви го препорачува местото, од причини што самите сопственици коишто работат со него, се пример за тоа како треба да функционира менаџментот на секој сместувачки капацитет во државата. Друштвени, комуникативни, млади и образовани. Владимир и Соња велат дека ова професија треба пред се да ја сакаш и да живееш со неа, а таа сама по себе ќе се развива во позитивна приказна. 


Тие велат дека цел на постоењето на ваков #дом е да ги запознаат гостите кои се претежно странски туристи, со нашата културата, традицијата и историјата. Советите за тоа како да се помине квалитетно време во националниот парк Маврово ќе ги добиете од нив, бидејќи како што велат и самите на Маврово има постојано што да се прави.


Владимир вели дека тие го живеат Маврово 365 дена во годината, според него само така ќе може да понудат квалитетна услуга на гостите. Во зависност од сезоната може да се ужива во скијање, планинарење, планински велосипедизам, кајакарење, јавење коњи и друго. 

Предноста при посетата на „Царевец планинарскиот дом, е тоа што, домаќините ја подготвуваат традиционалната храната од локални свежи производи. 


И двајцата се обучени планински водичи, а Владимир е исто така лиценциран ски инструктор според интернационални ИСИА стандарди.

Тие велат дека нивното постоење во НП МАВРОВО е атракција сама по себе, доволно за да се одлучи еден турист своето време за одмор  да го помине заедно со нив и со тоа што имаат тие да го понудат. 



Дали знаете дека: Од 17.08 до 23.08 ние организираме тура во Кумбургаз, Истанбул во хотел на сама плажа со појадок, 5 ноќевања и бесплатни лежалки на Мраморното море! Во цената е вклучен автобускиот превоз и водич! Она што е интересно е тоа дека можете да шетате низ Истанбул! Она што е најважно да знаете е дека се патува без PCR тест, слободно и безбедно. Повеќе информации на 076 791 157!


За само 169 евра!




Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.