19.03.2022
Мапа на специјалитети: Слатко од диви смовки- вкус на југоистокот
Мапа на специјалитети: Слатко од диви смовки- вкус на југоистокот
Овој последен депресивен период од месец март, кога сите чекаме да „пукне“ сонцето, одлучивме да го посветиме на храната која е популарна во разни региони во Македонија. Можеби немаме многу сонце, но затоа пак ќе имаме микс на вкусови.
Како носталгичари по јужните предели на Македонија, одлучивме да започнеме со специјалитетот на Југоистокот.

Вие кои во моментот го читате текстот, сигурно веќе сте слушнале за „Слаткото од диви смокви“, а повеќето од вас и го имаат вкусено. Ваквото благо задоволство традиционално се произведува во општините Гевгелија, Валандово, Богданци и Дојран, каде изобилуваат дивите смокви.
Низ минатото, вообичаена задача на мажите во семејствата била да појдат во берба на малите зелени плодови во периодот кога тие почнуваат да созреваат, а додека пак жените биле одговорни за чистење на смоквите и подготовка на слаткото, па се до самото вакумирање во теглата.

За оние коишто не почувствувале на сопствена кожа, треба да знаат дека производството на „Слатко од диви смокви“ е долг и макотрпен процес. Бербата на смоквите не е воопшто лесна и едноставна, ако се земе предвид карактеристиката на листот на смоквата и нејзината структура на раст и ширење на гранките од стеблото.

Што се однесува пак до процесот на производство, се започнува со варењето на овошјето и до десет пати се со цел да се отстрани горчливиот млечен слој што го има плодот, за потоа да се додаваат во шербетот.

Вообичаено се додава сок од лимон или лимонска киселина, се со цел смоквите да ја задржат својата карактеристична боја и форма. Откако ќе заврши процесот на подготовка, слаткото завршува во стаклена тегла која се чува на полиците во домовите.

Слаткото од диви смокви во Македонија често го произведуваат за домашна употреба. Доколку појдете на југот од државата и престојувате во некое домаќинство, бидете сигурни дека некои ќе ве послужат со слатко додека го пиете кафето. Ретко може да се забележи дека некои семејства го комбинираат со сладолед или во палачинки.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.