23.04.2021

Лешниците во мојата градина ме поттикнаа да произведувам домашно чоколадо

Лешниците во мојата градина ме поттикнаа да произведувам домашно чоколадо

Нема ништо подобро од тоа да ја завршиме и оваа седмица со уште една добра патувачка приказна. Овојпат ќе ве запознаеме со Пеце Клечкароски, човекот кој никогаш не ни помисил дека еден ден ќе произведува чоколадни специјалитети.

За Кајак.мк вели дека започнал да работи како готвач во ресторан, каде добива идеја да прави намаз од лешници кој ќе го користи за подготовка на разни слатки задоволства. Во неговата градина има неколку скромни насади од лешници, на кои при крајот на годината останувала неупотребена количина лешници која му послужила да ги направи неговите први ексерименти. 

Неговата баба и мајка се одлични готвачки, но Пеце вели дека никој во неговата фамилија не се занимавал со производство на чоколадо. Како помлад тој бил наклонет кон музиката и  никогаш не ни помислувал дека ќе биде тоа што е денес.

Научил многу работи правејќи есперименти од чоколадо. Истражува многу на ова тема, постојано учи, практикува нови знаења, има успешни и неуспешни чоколадни експерименти. Најмногу му помогнал секако интернетот каде успеал да најде стручна литература, да разговара со искусни луѓе на разни форуми за чоколадо и ред други работи.

До денеска има создадено повеќе од 80 рецепти за путери и крем намази базирани на јаткасти плодови, семки и зрна. Од пред една година започнува да го усовршува рецептот за таканаречената занаетчиска чоколада направена директно од какао зрно.

Пеце вели дека нема путер или крем намаз кој не го сакаат луѓето. Во последниот период секоја линија на производи што ја прави е веќе однапред продадена. Луѓето си резервираат тегла намаз и чекаат на ред за негова изработка.

Според него, преголемата заинтересираност се должи на квалитетот на производите и на флексибилноста да изработува производи кои се поклопуваат со нутритивните или здравствените гастрономски потреби на купувачите.

Најмногу се трошат намазите од лешници, но исто така и намазите базирани на ф'стаци, бадеми, ореви и семки од тиква.
Пеце најчесто соработува со локални фармери, земјоделци, пчелари, сточари или други мали произведувачи на храна (овошни џемови, сирупи, масла итн) се со цел за сега и во иднина да може да помогне во подобрувањето на економијата во однос на вакви мали домашни произведувачи кои нудат највисок квалитет.

Има соработка и со странски фармери (какао, ф'стак и слично) и сака да се води според принципите на фер трговијата.

Иднината ја гледа во проширувањето на капацитетот за производство но сепак тоа да биде во рамки на занаетчискиот дух со вметнување на чоколадата како рамноправен производ на менито.

Исто така се надева на се поголема соработка со локалните произведувачи на суровини кои се неизбежен дел од едно слатко задоволство.

Остави Коментар

Коментари

  • Сузана Лазаровска

    27.04.2021 09:26

    Како може да добијам од овие производи. Со нарачка или негде се продаваат. Поздрав Сузана Лазаровска

  • Јасмина

    27.04.2021 00:56

    Како може да се порачаат овие производи? Благодарам

  • Славица Стевчева

    26.04.2021 21:02

    Коко може да порачаме од производите?

  • Жаклина Жигиќ

    26.04.2021 17:38

    Kade moze da se nabavat proizvodite?

  • Julija Vladimirova

    26.04.2021 11:04

    Kade da navavam od prouzvodite na Pece, imenjak na mojot tatko?

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.