28.07.2021

Ресорт на Пониква со поглед од милион долари

Ресорт на Пониква со поглед од милион долари

За Пониква не може да се каже кога е најдобриот период од година за да ја посетиме бидејќи Пониква е идеална 365 дена во годината. Преку зима овде е снегот, ски центарот и топлата домашна храна, а преку лето ова планина е лек за топлите бранови.

Според она што го најавуваат метеоролозите, ни доаѓаат екстремно топли денови, кои дефинитивно би биле идеални да ги поминете на планина.


Среќни сме што од денеска нашата база се надополнува со еден уникатен ресорт кој нуди феноменален поглед кон бесконечноста.

Станува збор за познатиот ресорт „Магнолија“ чија околина нуди доста чист воздух, природа со листопадни и зимзелени шуми, извори и потоци, разновидна вегетација, ливади со лековити билки, планинарски и велосипедски патеки за спорт и рекрација.


Зимската  сезона овде трае скоро шест месеци, а кога снегот е добар постои можност за рекреативно скијање и санкање по стазите на ски центарот. За оние кои досега не биле, ски центарот на Пониква располага со две стази. Од кои едната е 300 метри и е наменета за почетници, а другата е околу 700 метри и е наменета за понапредни скијачи.

Домаќините на Магнолија велат дека Пониква има што да им понуди на нивните гости. Недалеку од ресортот се наоѓа и резерват за дивеч кој е комерцијално ловиште за лов на муфлони, диви свињи, елени и срни.


За љубителите на активниот туризам, овде се и маркираните патеки кои водат до локалитетот Раткова Скала- Всечена во карпите.

Доколку сакате да се ослободите од стресот, тимот на Кајак.мк ви препорачува да го искачите врвот Султан Тепе кој е на 2.085 метри надморска височина, како и највисокиот врв Руен кој е на 2.252 метри, а до каде може да се стигне и со теренски возила.


Ресортот Магнолија е нешто доста модерно-планиски феномен кој и се случи на Пониква. Ресортот располага и со асфалтно игралиште наменето за баскет, фудбал, тенис, возење ролери и детски велосипеди. Кога сме веќе кај велосипедите важно е да напоменеме дека ресортот располага и со можност за изнајмување на велосипеди.


Сигурно сте љубопитни за повеќе информации, фотографии и контакт за резервација. Доколку сакате повеќе инфо, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.