14.01.2022
Секоја година обучуваме околу 500 дечиња на Попова Шапка
Секоја година обучуваме околу 500 дечиња на Попова Шапка
Секоја година
имаме традиција да го испиеме кафето со Вук и Бојан, двајца млади и амбициозни
момци кои ја организираат ски школата „Љуботен“ на Попова Шапка.
Тимот на Кајак.мк е среќен што познава амбициозни инструктори кои секоја година обучуваат околу 500 нови деца за тоа како да скијат и како да уживаат во благодетите на зимата и снегот.

Вук вели дека школата
трае се додека трае сезоната, некогаш таа е подолга, а некогаш пократка. Но
сепак, задоволни од тоа што успеваат да го сработат во една сезона.
Ги мотивира фактот дека се поголем број деца се заинтересирани да го практикуваат активниот туризам.

За нив најважно од се е на секое дете да му се обрне доволно внимание и да може да научи правилно да управува со скиите.
Групите ги делат на почетници кои сакаат да го искористат распустот за да се стекнат со основните техники на скијање и искусни скијачи кои сакаат да ги усовршат своите скијачни способности.

За организаторите на школата, исто така доста важно е да децата да ги имаат сите подогдни услови за скијање. Од опрема па се до добро подготвени терени.

Школата поседува два полигони. Едниот е за деца кои за првпат се запознаваат со скијањето, а на вториот полигон е за оспособување на техниките и коондициона подоготовка. Вториот полигон е воведод во следните тренинзи и обуки кои се изведуваат на ски патеките.

Школата може да се
пофали дека во едно сезона обучува околу 500 деца кои подоцна како јато се распространуваат
по ски терените во Македонија и надвор од неа.
Доколку сакате да
стапите во контакт со ски школата, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.