20.08.2020
Ова не е „Game Of Thrones“, ова е споменикот во Зебрњак, Македонија
Ова не е „Game Of Thrones“, ова е споменикот во Зебрњак, Македонија
За сите љубители на добрата „инстаграм травел фотографија“ но и тие коишто се интересираат за историјата, како денешен совет за тоа што треба да посетите е споменикот на ридот Зебрњак, кој е монументално и триумфално спомен обележје кое е подигнато во слава и чест на загинатите српски војници во текот на Кумановската битка во Првата балканска војна во 1912 година. Српската војска, во која имало и Македонци, извојува победа над турската и со тоа го означи почеток на ослободувањето на југоисточна Европа од Отоманското Царство.

Монументалниот споменик на ридот Зебрњак кај Куманово е срушен на самиот почеток на Втората светска војна од страна на бугарскиот окупатор. Експертите на републичкиот завод за заштина на спомениците за култура, во Белград во 1985 година го реализирале проектот за заштита на објектот на Зебрњак во дадена состојба. Денес, од страна на Министерстово за социјални работи и Амбасадата на Република Србија во Република Македонија е поставен постојан чувар.
![]()
Споменикот се наоѓа во село Младо Нагоричане, оддалечен околу 6 км. од Куманово, десно од магистралниот пат Куманово - Крива Паланка.
Фото: wikimedia, satelit.com
ДАЛИ МОЖЕБИ САКАТЕ ДА ПАТУВАТЕ НА МОРЕ ОД САБОТА? БЕЗ ПЦР ТЕСТ И ЗА 139 ЕВРА ЗА 5 НОЌЕВАЊА СО ПОЈАДОК И ПРЕВОЗ? ЈАВЕТЕ СЕ НА 076 791 157! РАСПОЛАГАМЕ СО ПОСЛЕДНИ СЛОБОДНИ МЕСТА!
|
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
