21.01.2021

Имам 68 години и два вештачки колкови и се уште сум активен планинар и водич (Втор дел)

Имам 68 години и два вештачки колкови и се уште сум активен планинар и водич (Втор дел)

Ние: Какви туристи најмногу сакате? Дали туристите ве мотивираат да работите?

Мано: Составот на групите во областа на Културно-историските, студијски, религиозни и политичко-тематизирани патувања е воглавно сениорски (над 60-95 години). Како професионалец не би требало да правам некоја разлика, но морам да признаам дека во последните три-четири години се поголем предизвик ми претставуваат активните т.е планинарските тури, кои ги комбинирам и со анимирање на групите со моите широки познавања и од останатите области, па и со печуркарството.

Ние: Знаеме дека има многу убави места во Македонија, но одвојте ни ја планината во која што сте заљубени? 

Мано: Нашата земја иако мала навистина е прекрасна и со разновиден биодиверзитет кој ретко каде во Европа го има. Сигурно ви е познато дека од вкупната површина од 25.717 км², 79% се планински терени, 19% на низините и само 2% на водените површини. Ретко која земја има волку убавини кои за странците се ретко познати планини, кои ги преферираат нашите мешовити листопадни и иглолисни шуми.

Навистина многу тешко прашање е да се одговори која планина е за мене најубава. Би одговорил дека за човек кој ја сака природата и оди на планинарење, секоја планина на свој начин ќе му биде убава, секоја нуди своја специфичност, дали во поглед на шумскиот фонд, дали во видиците од врвовите, дали во тежината и пристапноста на искачувањето.


Само во Шарскиот масив долг 85 и широк 15-25 км имаме 15 врвови над 2500 метри, 25 врвови над 2000 метри. Што да се каже за Корабскиот Масив, за Јабланица, Јакупица, за Осоговијата, за безброј други наши убави планини, за нашите национални паркови и така натаму. Мислам дека на секој човек најдраг период од животот му е младоста, затоа ќе признам дека планината на мојата младост е планината Китка“.



Мано смета дека како и до сега така се повеќе во иднина странскиот турист ќе биде ориентиран кон активниот туризам. Нашата преубава природа, за странците непозната рурална средина, комбинирана со обичаите на месното население нуди голема можност за поширока туристичка понуда. Тој потенцира дека акцент треба се стави на планинарскиот, планинско-велосипедскиот туризам, параглајдерството, турите со коњи и слично.

2021-та година му дава надеж дека ќе ја победиме пандемијата со Ковид-19. Се надева дека туризмот повторно ќе почне да заживува. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Ивана и тивката магија на филигранот: приказна за уметност, трпение и уникатност

Откриј ја приказната на Ивана и нејзиниот рачно изработен филигрански накит – уникатни парчиња создадени со љубов, инспирација од природата и лични приказни, каде секој детаљ носи своја уметничка вредност и автентичност.

Први Мај – вистинското значење на Меѓународниот ден на трудот во современото општество

Откријте ја вистинската важност на Први Мај – Меѓународниот ден на трудот. Анализа на неговото историско значење, современите предизвици и зошто овој ден не треба да се сведува само на одмор и традиција.

Ново на Kajak.mk: Везден – Академија за млади готвачи

Едукативна кулинарска академија за деца каде преку интерактивни работилници се учат основи на готвење, тимска работа и здрави навики. Практично учење во безбедна и креативна средина со стручно водство. Резервации достапни и преку Kajak.mk

Уникатни сместувања во Македонија – Необични и автентични престои | Kajak.mk

Откриј уникатни сместувања во Македонија – необични куќи, еко престои и автентични објекти со посебен карактер. Резервирај директно преку Kajak.mk и доживеј нешто различно.

Во Македонија: Нови бунгалови во кои секој би сакал да престојува!

Нови бунгалови во Старо Нагоричане, идеални за викенд бегство!

Реструктурирање на крстарењата 2026 – како геополитиката го менува морскиот туризам

Во 2026 крстаречката индустрија се менува поради геополитички ризици. Нови рути, преместување на флоти и раст на Медитеранот и Карибите ја редефинираат иднината на крстарењата.