03.02.2021

Изолирана вила на Маврово во која можете да престојувате

Изолирана вила на Маврово во која можете да престојувате

За сите љубители на природата Кајак.мк ви ја препорачува Вила Каленеш која се наоѓа во Леуново, Мавровско на само неполн час возење од Скопје, удобно уредена домаќинска вила ќе направи да се почувствувате како дома. Селото е поврзано со асфалтниот локален пат P-413 со соседните села Никифорово и Маврово, пат кој го обиколува Мавровското Езеро. Од градот Гостивар е оддалечено 25 километри.

Вилата Каленеш е идеална за патниците кои бараат тишина. Во месеците февруари и март вилата ја препорачуваме и на луѓето кои скијат, бидејќи ски центарот е недалеку од сместувањето и се пристигнува за многу кратко време со автомобил.

Вилата има панорамски поглед кон езерото. Дел од тератата е преградена со стакло, што ви дава можност да уживате и во време на најголемата снежна бура. 

Повеќе информации за вилата, цени и фотографии можете да погледнете со еден клик ОВДЕ.







Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Христина: „Јогата ме подготви, но планината ме разбуди“

„Јогата ме подготви, но планината ме разбуди“ – Христина ни ја раскажува својата моќна приказна за трансформацијата, внатрешниот мир и зошто вистинската слобода се наоѓа само во движењето низ природата.

Secret Santa со срце: Поддржете локални производители оваа зима

Откријте како Secret Santa подароците можат да бидат уникатни и со душа – рачно изработен сапун, мед, свеќи, домашна ракија и други локални производи кои ги израдуваат и поддржуваат креативците.

Пониква го доби најуникатното сместување досега!

Дрвена планинска куќична на Пониква. Ново место за уникатно засолниште преку Кајак.мк

Зимски активности во Македонија

Откриј зимски активности во Македонија – прошетки, санкање, локална храна и одмор во природа. Погледни ја понудата на kajak.mk.

Резервации во последен момент за Нова година: скриени места што сè уште вреди да се откријат во Македонија

Барате новогодишно сместување во последен момент? Откријте мирни планински куќи, рурални домаќинства и автентични локации во Македонија што нудат вистинска новогодишна атмосфера и флексибилни резервации.

Ги возиме со трактор, собираат плодови од бавча и подготвуваат специјалитети: Вака странските туристи го доживуваат село Габрово

Запознајте го селското домаќинство Костадинови од Габрово, каде гостите учествуваат во подготовка на домашна храна, дегустација на органски производи и автентични селски активности. Искусете мириси, вкусови и традиција во срцето на Беласица.